Реклама
Хороскоп

Што е најдобро да студирате според хороскопскиот знак

Реклама

Воздушните знакови се добри говорници: адвокати, политичари, професори. Водените знакови сакаат да им помагаат на другите:, затоа за нив се медицината и психологијата. За земјените знакови се науката која носи профит, додека огнените знакови се родени лидери.

zodiakfax1

Огнените знакови се родени да бидат водачи, шефови, директори, но и тренери, писатели, па во склад со тоа би требало и да го изберат факултетот кој што ќе го студираат.

Маркетинг

Овен

Овновите се предводници, па во склад со тоа би требало така и да се школуваат. Значи, Овновите се добри менаџери, но и професори, писатели, новинари, тренери. Можат да се занимаваат со било која работа која бара самостојност, затоа што тешко работат во тим, освен ако не се водачи на истиот тој тим.
zodiakfax2 
Лав

Маркетинг

И со Лавовите е слично. Тешко поднесуваат авторитети, наредби, подредена положба. Лавовите се одлични организатори, шефови, директори, но и професори, писатели. Меѓу политичарите има доста Лавови, но и меѓу луѓето кои се бават со јавни работи, медиуми. Економијата и хотелиерството се исто така добри опции за овој знак.

Стрелец

Стрелецот мора да има јасно дефинирана цел и лесно може да го заврши секој факултет. Важно е само да не треба многу да патува до факултетот, затоа што лесно ќе ’скршне‘ од патот ако нешто друго му го привлече вниманието, ако биде понесен од атмосферата. Лесно ќе пронајде оправдување зошто го напуштил студирањето и се посветил на нешто друго. Им ’лежи‘ туризмот, но и странските јазици, новинарството, книжевноста, филозофијата, психологијата.

Водените знакови сакаат да работат со луѓе и за други луѓе. Значи, може да студираат психологија, медицина, филозофија, но и право.

zodiakfax4

Рак

Раковите мора да работат ’за народот‘. Нив ги привлекува работа со луѓе, со деца. Во склад со тоа, може да запишат факултет на кој ќе изучуваат психологија, педагогија, социологија, но и книжевност, право, посебно семејно право. И медицината е исто така добар избор за раковите.

Скорпија

Скорпиите би требало добро да размислат со што сакаат да се бават пред да го запишат факултетот, затоа што нив често им се случува да учат едно, а покасно да работат нешто сосема друго. Затоа што Скорпијата дури и кога ќе се предомисли, мора да го заврши она што го започнала. Нив ги карактеризира интерес за несекојдневни работи, место каде што самостојно ќе го хранат својот интелектуален интерес. И тие слично како и Лавовите имаат мали проблеми со авторитети, но сепак знаат добро да се прилагодат на средината. Медицината, психологијата, филозофијата и уметноста се најдобри полиња за нив. Исто така ги привлекуваат странски, ’егзотични‘ јазици како арапски, јапонски и некои стари, мртви јазици.

Риби

Рибите мораат да ги остварат своите соништа, посебно ако имаат врска со уметност. Меѓутоа, Рибите се успешни и во работите со механика, така да им ’лежи‘ на пример, конструирање на автомобили или други машини, или пак софтверскиот дел од нив. Ги има помеѓу козметичарите, фризерите, но најмногу помеѓу уметниците. Сликарството, теологијата, психологијата се баш по нивна мера.

Земјените знакови мора во даден рок да го завршат избраниот факултет, како бргу би почнале да работат и заработуваат. За нив се конкретни и прагматични науки кои би им донеле профит.

zodiakfax5

Бик

Биковите сакаат стабилност и тоа што го работат да им носи добра заработувачка. Применетата уметност, дизајн, економија, агрономија и нутриционизам се вистинскиот избор за овој знак. Доколку не го сакаат она што го студираат, тешко дека ќе го завршат започнатото. Ќе го напуштат факултетот доколку сфатат дека дипломата нема да им обезбеди добра и профитабилна работа.

Девица

Девиците сакаат сé што е практично и стабилно – ризикот не спаѓа во нивниот домен на активности. За нив се правни науки, лингвистика, странски јазици, но и дизајн, пред се на облека и обувки. Меѓутоа, тие сакаат и книжевност. За нив учењето не завршува кога ќе ја добијат дипломата. Девиците цел живот работат на своето образование и постојано тежнеат кон усовршување, но имаат желба да ги подучуваат другите.

Јарец

Јарците, како и останатите земјени знакови, сакаат стабилност. Воглавно обираат економија, археологија, историја, архитектура, право или некој јазик, но и машинство. Одбираат работи во кои можат да бидат авторитативни. Спремни се да чекаат долго додека не ја пронајдат саканата работа, но и да го продолжат образованието ако не гледаат вистинска цел.

Воздушните знакови се добри говорници, па затоа би требало да студираат право, јазици, но и книжевност, филозофија, новинарство и политички науки.

zodiakfax3

Близнаци
 
Близнаците се добри новинари, па затоа журнализмот е поле кое се препорачува за нив. Исто така им ’лежат‘ и јазиците, а нема да погрешат и доколку се запишат на книжевност. Тие се одлични трговци, а комуникацијата им е силна страна. Најдобрите говорници во Зодијакот, Близнаците би требало да се бават со работи кои бараат фина умешност со зборови. Брзо учат, само им е потребна добра мотивација.

Вага

Вагата воглавно ќе се определи за право, затоа што ова поле одлично им одговара. Тие се добри говорници, но и добри се кога треба да ислушаат други, така да за нив е и психологијата, затоа што добро умеат да ги проценат другите луѓе и знаат како да им се доближат. Уметноста, применетата уметност и актерството се добар избор за нив. Одлични се на сцена, имаат желба да се експонираат, така да јавните настапи не се им непознати полиња. Вагите одлично умеат да ја избалансираат ситуацијата, па така доколку сериозно се посветат на она што го сакаат, може да го задоволат вистинскиот интерес, со прагматичната страна на работите.

Водолија

Водолијата ќе се реши за електротехника, машинство или било што каде што можат да користат компјутер и други технички помагала. Одлично се снаоѓаат во сите занимања, а исто така се и многу добри организатори. Новинарството и историјата се исто така добар избор за овој знак. Нивниот авантуристички дих не ги држи долго време на едно исто место, така да за нив не се канцелариски работи со ’зацртано‘ работно време.

Извор: Mondo     

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button