Пеперутки кои ќе ви откријат карактерни црти за кои и самите не сте биле свесни
Ова е еден едноставен, но многу познат и необичен тест кој се темели на потсвеста на човекот и кој кажува многу за вас.
Со одбирањето на пеперутката која ви привлекла најмногу внимание, вие покажувате одредени карактерни црти, за кои можеби и самите не сте биле свесни досега. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за мистериите на вашата личност, тогаш погледнете што се крие под вашиот избор.
Пеперутка број 1
Вие сте отворена личност и имате голема доверба во луѓето. Најблиските уживаат во комуникацијата со вас – ги привлекувате како извор на светлина и топлина. За вас со сигурност може да се каже дека сте сталожена личност.
Пеперутка број 2
Вие сте интересна, силна личност, која сака да се претставува во своето најдобро светло. Но, проблемот е во тоа што во вашата душа не е сè толку убаво и беспрекорно, како што на другите им изгледа однадвор. Сомнежите, грижите и несигурноста се ваши чести сопатници. Понекогаш знаете да бидете груби и злобни.
Пеперутка број 3
Вие сте многу емотивна личност. Мислите на невообичаен и креативен начин и кон сè што правите пристапувате од гледна точка на уметник. Вашите постапки многу често ја изненадуваат околината. На луѓето неретко им е тешко да најдат заеднички јазик со вас.
Пеперутка број 4
Се плашите да го покажете вашето вистинско лице. Повеќе сакате да премолчувате, отколку да го искажете своето мислење, што многу често е исправно. Не сте сигурни ниту во својата сила, ниту во способноста.
Пеперутка број 5
Вие сте малку детинеста личност. Егоцентрични, ранливи и чувствителни. Искрено верувате дека светот се врти околу вас, па постојано го барате вниманието на околината. Најверојатно долго време не ви дозволувале да се искажете, па токму затоа и не се чувствувате како господар на својот живот.
Пеперутка број 6
Вие сте необична личност. Можете да бидете и активни, но и пасивни. Можете да бидете и тажни и среќни, истовремено. Секогаш комуницирате само со оние кои вам ви се најинтересни. Се случува да се грижите дури и за најмалите ситници.
Пеперутка број 7
Немате доверба во луѓето, дури ни во оние што ги познавате, па внимателно се однесувате кон нив. Исто така, знаете лесно да влегувате во големи конфликти. Можеби затоа и луѓето често одлучуваат да се држат подалеку од вас.
Пеперутка број 8
Вие сте многу социјална и комуникативна личност. Секогаш сте спремни за нови контакти. На луѓето покрај вас им е многу пријатно, а и лесно можат да разговараат со вас.