Сите Севернокорејци ќе мора да имаат фризура како Ким Јонг-Ун, а кај нас..?
Оваа државна директива пред две недели е воведена во главниот град Пјонгјанг, а сега истата се прошири на целата земја.
Сите мажи во Северна Кореја мора да имаат иста фризура како нивниот водач Ким Јонг-Ун, јавува БиБиСи.
Оваа државна директива пред две недели е воведена во главниот град Пјонгјанг, а сега истата се прошири на целата земја иако некој севернокорејци се воздржани кога станува збор за новата одлука.
„Фризурата на нашиот водач е многу посебна. Не мора да му стои на секого, затоа што луѓето имаат различна форма и облик на лицето и главата“, изјавил извор за радиото Слободна Азија.
Во меѓувреме Севернокорејците кои живеат во Кина велат дека тој вид на фризура е всушност многу непопуларен во Северна Кореја, затоа што такви фризури носат кинеските шверцери.
Инаку во Северна Кореја веќе некое време постои попис на фризури кои ги одобрува државата. Жените може да бираат помеѓу 18 стила, а мажите помеѓу 10.
Поранешниот лидер Ким Јонг-Ил, кој владееше со земјата 17 години, ја носеше популарната фризура „Печурка“ за да изгледа повисок. А сегашниов, неговиот внук изгледа дека сака да наликува на гангстерите од „Саут Сентрал, Лос Анѓелес“.
Што се однесува до нашите политички водач/и (посебно сега, кога се бира нов шеф), изгледа дека поговорката на Гручо Маркс најдобро го/и опишува: „Си молчам и не отворам уста, оти се плашам дека ќе ми истече мозокот“.
За сите по едно апче за молчење, а на крајот, после изборот, по еден Космодиск за секој што гласал за мене. Да се знае дека ова е демократија!