Исповест на Цеца Ражнатовиќ: „Ноле и мене не линчyвaaт заради КОРОНАВИРУСОТ!“ Eве што и се случува на пејачката!

И додека Цеца и Вељко беа во изолација заради вирусот корона, малиот Жељко се приврзал за својата баба.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Тие сега и двајцата се негативни, а новопечената баба речиси секојдневно оди во Тител да го види бебето.

Бебето првата ноќ ја помина со својата мајка во вилата на Цеца, а потоа Богдана замина во Тител каде има раскошен дом.

Богдана наводно набргу откако излегла од приватното породувалиште заминала во Тител бидејќи Цеца во текот на зимата ги започнала работите на делот од вилата кој е резервиран за малиот Жељко.

Работите требале да бидат завршени до јуни, но корона вирусот го пролонгира реновирањето, а дополнително пауза била потребна откако беше утврдено дека Вељко и Цеца се заразени со вирусот. Тие изолацијата ја поминаа во куќата, а реновирањето беше сопрено, а Богдана остана сама кај своите. Но како што вели извор за српскиот „Cкaндaл“, сега на Богдана покрај нејзината мајка и помагаат и двете сестри, така што и е многу полесно со бебето.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Од друга страна снаата е среќна и што малу ќе ја растерети Цеца бидејќи пејачката ја организираше прославата по повод раѓањето на бебето, а пред тоа свадбата, покрај сите нејзини обврски, па на крај и проблемите со болеста.

Цеца одлично се снаоѓа со снаата и бебето го гледаше секој ден дури и кога беше позитивна на корона. Тоа го правеше со видео повици, преку „Вибер“, па со помош на современата технологија пејачката и за време на изолацијата можела да ги види бебето, да му зборува и да му пее.

Цеца и Анастасија (Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ)

Како што пренесува изворот, бебето веќе реагира на нејзиниот глас – обожава кога таа му зборува. Штом ќе го слушне нејзиниот глас, почнува гласно да се смее, пишува споменатиот таблоид.

Цеца на прославата во нејзината куќа

По изолацијата Цеца речиси секојдневно оди во Тител, а Вељко веднаш се врати кај сопругата и бебето.

Вељко и Богдана по изолацијата повторно се заедно

Според изворот, Богдана најверојатно уште некое време ќе остане во куќата на родителите, заедно со Вељко и бебето.

Цеца веќе е при крај со уредувањето на катот за малиот, па за едно месец дена ќе дојде и детската соба како од бајките која познатата пејачка ја подготвува, секако во договор со снаата, пишува српскиот „Cкaндaл“.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Инаку, таа деновиве даде изјава и за медиумите во која изјави дека неа и Ѓоковиќ ги лин чуваат заради короната.

„Апсурдно е луѓето да се линчуваат затоа што на нивната журка или турнир некој е заразен со корона, Никој немал лоша намера, а на крајот на краиштата секој доаѓа со своја одговорност, и на турнирот и на прославата. Но, бидејќи сега е актуелна короната, работите се поставија како јас да го увезувам вирусот од Кина, па го донесов на прославата. Тоа е страшно, а страшно е и тоа што сега му прават на Новак! Човекот доби дозвола да организира турнир. Му дозволија во Хрватска, Босна, Србија. Не можам ни јас ниту пак Новак да одлучуваме што треба, постојат експерти што донесуваат таква одлука“, вели таа за „Хит Информер“.

Цеца на прославата

Таа потоа додаде дека не се чувствувала виновна ниту во еден момент. Додека важеле мерките за забрана на собири, ги почитувала, а истата вечер кога се случила забавата биле отворени и неколку ноќни клубови и сплавови.

„Потоа беше одржан и фудбалскиот натпревар помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан што значи државата врз основа на своите експерти дала дозвола да може нормално да се’ функционира“, заклучи таа во своето интервју.

Извор. Cкaндaл, Информер, Гламур

Facebook Comments
(Visited 109 times, 1 visits today)