Холивуд

Нема конкуренција – оваа занесна Русинка го покори Кан

Advertisement

Откако блескаше на Мет гала забавата во златната креација од Версаче, убавата Русинка повторно ги воодушеви сите кога се појави на престижниот црвен килим на Канскиот фестивал.

Advertisement

Откако минатата година доби дете со Бредли Купер, Ирина Шајк потполно се посвети на мајчинството така што ретко можевме да ја видиме во модните и другите општествени случувања. Но својот голем камбек го направи со појавување на Мет гала забавата заедно со својот сакан, а сега и на црвениот килим во Кан кога задоволно им се смешкаше на репортерите сигурна во својот прекрасен стајлинг.

Имено, таа пристигна во фантастична црна тоалета со длабоко деколте, а целото издание дополнително го подигна со дијамантска огрлица со комбинација од сафир која совршено се совпадна со прстенот на рацете за кој многумина претпоставуваат дека е свршенички.

Advertisement

Косата ја подигна во висока пунџа, а на усните имаше впечатлив црвен кармин, а комбинацијата ја запечати со црни сандали со необични потпетици.

Па, дали ви се допаѓа ова all black издание на познатата манекенка?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button