Реклама
Интервју

Пет прашања и пет фотографии со Искра и Вера, девојките од најминималистичкиот блог во Македонија

Реклама

Исклучително се препознатливи по својот беспрекорен, минимален стил и умешноста навидум природно да се надополнуваат една со друга.

Денес зборувавме со Искра Младеновска и Вера Ангелакова, попознати како модното дуо зад Aesthetics Illustrated. Овие две девојки не се само набљудувачи на модната сцена, туку и активно учествуваат во обликување на идентитетот на македонската современа мода. Како дипломирани модни дизајнери тие освен што создаваат сопствени парчиња, често соработуваат и со други млади дизајнери. Еве што повеќе треба да знаете за нив.

Маркетинг

Водите одличен моден блог. Какви ви беа идеите на почетокот на блогот и како се имаат развиено до сега? 

Краткото здолниште што го носи Искра на фотографиите е од нивната колекција HYBRIDS која беше претставена на BAFe (Balcan art and fashion event), додека минималистичкиот бел фустан што го носи Вера е нејзин дизајн. 

Иако Aesthetics Illustrated започна како блог, идејата секогаш беше да го претвориме во сериозен сајт на кој ќе споделуваме многу повеќе од модните комбинации. По долг период и напорна работа, тоа наскоро ќе го реализиравме. На почетокот идејата беше да ги илустрираме нашите аутфти, но за кратко време почнавме да илустрираме модни настани и луѓе. Целиот процес на илустрирање и финалниот изглед постојано ги менуваме, со цел да постигнеме подобар краен резултат. Попатно спонтано ни доаѓаат идеи или учевствуваме во проекти/ сорабоки, за кои пишуваме на блогот и кои се надополнети со фотографии и илустрации со нашата естетика.

Маркетинг

Во јуни се претставивте со ваша колекција на BAFe (Balcan art and fashion event). Како вие ја опишувате колекцијата која беше претставена таму? 

Колекцијата започна како факултетски проект кој го спремавме околу осум месеци. HYBRIDS е капсулна колекција од инспирана од спојувањето на две или повеќе единки во една, т.е. хибридизацијата. Се состои од девет изгледа кои се ахроматски и со интересен крој. Дел од нив се носливи, а дел би се вклопиле во sci-fi филм. :D

Дали можеби планирате да се појавите со колекција на FWSK? 

Оваа сезона не, меѓутоа “ревија во Скопје” стои на нашата листа на желби.

Имавте улога на модели во деби едиторијалот на MetexM. Колку сте удобни во таа улога? 

И двете сме веќе навикнати на ваквиот начин на соработка така што сликањето на едиторијалот течеше многу забавно и лесно. Голема улога игра фотографот, а Владимир Видановски како по обичај си ја заврши работата професионално.

Кои ви се плановите за идни проекти? 

Секако сме отворени за креативни соорботки, а се разбира дека ќе продолжиме да работиме и да се развиваме и во полето на дизајнот. Наскоро планираме да го пуштиме новиот сајт, следува едиторијалот за капсулната колекција, а потоа ќе видите…

Текст и фотографија: Ерина Богоева
Штипка

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button