Дј Роби Реј е диџеј со долгогодишно искуство на музичката сцена, најголемиот дел како Резидент диџеј на големите бродови за крстарење.
Во Македонија почнува активно оваа година со неговиот проект Лед Робот ДЈ.
Кои се твоите први контакти со музиката?
Некаде во далечната 1998 во основно училиште. Во тоа време имавме диско за тинејчери во недела преку ден,каде од локалните Дј учев како е да се биде ДЈ. Потоа во средно настапував низ локалните клубови во тоа време, По завршувањето на средно училиште заминувам на работа на брод каде почнувам да работам како резидент Дј за гостите и за вработените.
Постои ли некој на музичката сцена што е твојот идол?
Ги има повеќе :D Fedde Le Grand,Hardwell. Dimitry Vegas Like Mike
Што слушаш овие денови на Јутјуб или на твојата музичка листа?
Секојдневно ја следам музиката, нови песни, ремикси. Немам точно одредено дали Јутјуб или други веб страни. Има доволно добри веб портали каде секојдневно се објавува нова музика.
Бидејќи живееш од музика сигурни сме дека знаеш некои автори кои се многу добри, а кои не се толку популарни. Дали би открил неколку талентирани имиња од Балканот кои заслужуваат поголемо внимание…
Има многу такви кои едноставно не сакаа да настапуваат пред публика,а се одлични во музичка продукција и решаваат да работат во студио едноставно.
Можам да ги спомнам брајќата Cyrillic, Mario Eddie, divolly & markward и др.
Има ли во Македонија добри диџеи?
Да . Секој што одлучил да се занимава со Диџејство е добар на свој начин, негов стил на музика, посветеност, публика.
Колку е тешко да се дојде до медиумски простор во Македонија ако не се занимаваш со забавна или фолк музика? Која е твојата публика?
За разлика од забавната и фолк музика во Македонија е искрено малку потешко, но со добар тим и менадџмент можи одлично да се пројде. Благодарение на мојот тим Lollipop Entertaiment Group, оваа година помина прекрасно со настапи низ цела Македонија.
За мојата публика нема граница. Се што е ново е интересно луѓето сакаа да видат нешто ново.
Кои изведувачи најмногу извршиле внимание на твојот звук?
Fedde Le Grand, Hardwell и Roger Sanchez
Каков си кога е модата во прашање?
Во зависност од пригодата,повеќе практикувам спортска облека, фармерки, патики.
Кој е твојот омилен бренд?
Gap,Calvin Klein, Scotch and Soda.
Од каде идеја да настапуваш како робот?
Одсекогаш сум сакал да бидам иновативен да придонесувам нешто ново во моите натапи, едноставно следењето на забави, посетите на големи клубови низ светот (Мајами, Ибица, Осло, Копенхаген и мн др) придонесоа да се одлучам на ваков чекор, кој искрено излезе многу успешен проект и прифатен од целата публика.
Кои се твоите планови за 2018?
Продолжуваме со поинтезивно темпо, веќе новото одело е тука, сосема различно од лед роботот,целосно одело од стакло и лед очила, за брзо ке го промовираме и него, во план се уште неколку костуми со различни дизајни за да можиме полека да внесуваме посовремени шоуа во македонските клубови.