Реклама
Интервју

Марија од Fabulous is Freedom: НЕ можам без бели ниски старки!

Реклама

Поразговаравме со Марија која што стои зад модниот блог „Fabulous is Freedom“ за новите пролетни трендови и за парчињата кои ќе бидат must-have за следната сезона.

 МАРИЈА 

Маркетинг

Омилена модна икона на Марија е Одри Хепберн, а модно парче без кое не може се белите старки. Комбинезоните и ригите според неа ќе бидат задолжителни за следната сезона, а што се однесува до трендовите најпопуларен тренд ќе биде облеката во стилот на 70-тите и парчињата со реси….

Кога започна со твојот моден блог и зошто?

Маркетинг

 МАРИЈА 

Мојот моден блог го започнав пред една година, поради големата љубов кон модата, решив да создадам еден вид на свој моден дневник преку кој ќе можам креативно да се изразам.

Како би го опишала твојот стил?

 МАРИЈА 

Не ги следам слепо модните трендови. Преку облеката секогаш го искажувам она што го чувствувам, бидејќи „Модата поминува, а стилот останува“ како што рекла Коко Шанел. Обожувам да мешам повеќе стилови, но секогаш имам нешто, што ме прави препознатлива.

Колку ти се промени животот и стилот откако почна да го водиш блогот?

 МАРИЈА 

Во оваа една година постоење на www.fabulousisfreedom.comстекнав многу нови пријателки од блогерскиот свет и повеќе почнав да се интересирам за модната фотографија. Работилницата за блогери и фотографи за време на Fashion Weekend SkopjeAW14/15, водена од Ребека Рој, познатата британска стилистка и блогерка најмногу ми помогна во подобрувањето на блогот. Научив многу нови нешта за блогирањето,  како се зголемува читателската публика и како се користи дигиталната и новата технологија во модната комуникација и промоција.

Што велат твоите пријателки за ова?

 МАРИЈА 

Тие ме поддржуваат од самиот почеток и сум многу благодарна за тоа. Секогаш се искрени кога ми треба совет за блогот. Тоа е нешто што многу ми значи.

Кои се твоите посебни бјути ритуали?

 МАРИЈА 

Секогаш го сакам природниот, едноставен изглед. За мене важи „Помалку е повеќе“.

Дали ги следиш трендовите и кој, според тебе, ќе биде најпопуларниот тренд за наредната пролет?

 МАРИЈА 

Ги следам модните трендови, но го прифаќам само она што сметам дека ми прилега. Според мене најпопуларен тренд за наредната пролет биде враќањето на 70тите, а со нив и ресите.

А must-have парчиња за следната сезона?

 МАРИЈА 

Следната сезона must – have ќе бидат комбинезоните, парчиња со цветен принт, риги и едноставни кроеви.

Која е твојата омилена модна икона?

 МАРИЈА 

Модна икона на сите времиња е Одри Хепберн која сеуште е инспирација во модниот свет, поради нејзината елеганција и едноставност. Не можам да не ја спомнам и Блер Волдорф, од серијата “Gossip girl”, која без разлика на комбинацијата, таа секогаш успева да вметне некое парче кое ќе отскокнува.

Кое е твоето омилено модно парче без кое не можеш и дали имаш модна комбинација која те спасува во сите пригоди?

 МАРИЈА 

Дефинитивно не можам без белите ниски старки, кои ги вклопувам во секоја комбинација. Фармерките искомбинирани со интересни модни додатоци ме спасуваат во сите пригоди.

Кое е твоето омилено место за шопинг?

 МАРИЈА 

Омилено место за шопинг немам, најмногу се радувам кога случајно ќе најдам нешто интересно, кое одговара на мојот стил на облекување.

Која песна деновиве најмногу ти се врти низ главата?

{youtube}-CmadmM5cOk{/youtube}

 МАРИЈА 

Во последно време уживам во музиката на Тејлор Свифт, а нејзината песна “Style” постојано ми се врти низ главата.

Во кој град би сакала да живееш?

 МАРИЈА 

Би сакала да живеам во Љубљана, град кој со својата прекрасна архитектура , романтични улички и мостови секогаш одново ме воодушевува. Тој е еден од најбезбедните градови во Европа. Не е голем град, а сепак има се што ми е потребно.

Која е твојата омилена блогерка од Македонија?

 МАРИЈА 

Блогерка која ја ја следам од почетокот и воедно моја омилена е Мери од www.makedonskimodenblog.com, исто така уживам и во постовите на www.skopjecasual.mk , www.aleksandrinavezilka.wordpress.com , www.rosee96.blogspot.com, www.shybutsecretlyfab.blogspot.com , www.theglamorousb.blogspot.com.

Имаш ли некој моден трик или совет што би сакала да го споделиш со нашите читатели, но и со сите оние што сакаат да започнат свој моден блог?

 МАРИЈА 

На сите оние кои сакаат да започнат моден блог би им советувала да обрнат внимание на фотографиите и на веб дизајнот, бидејќи тие се првото нешто кое го приметуваат читателите. Блогирањето е креативна работа која бара голема посветеност и труд, но доколку се прави со љубов, тогаш воопшто не е тешко.

Доколку сакате да го следите нејзиниот блог, кликнете тука »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button