Реклама
Интервју

Интервју со Јована Филиповиќ – Оваа есен не можам без гумени чизми, крзно, oversize јакни и џемпери!

Реклама

Поразговаравме со македонската модна дозајнерка Jована Филиповиќ чија креација од колекцијата пролет/лето 2014 се најде на страниците на британското издание на Glamour.

Фото: Јована Зука – aftertwofive.com

Маркетинг

Таа во моментот работи на новата колекција есен/зима која треба да ја претстави на 23 октомври во Мала Станица во склоп на FWSK. Нестрпливи да ја видиме нејзината нова колекција, поразговаравме со Јована за нејзината работа, но и за тоа каде ќе можеме да ги најдеме нејзините креации…

Наскоро започнува модната грозница и новиот FWSK на кој што ќе ја претставиш својата нова есенска колекција. Што е она што треба да го очекуваме и какви ќе бидат твоите нови креации за оваа есен?

Маркетинг

 ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ 

Новата колекција за есен/зима 2014/25 ке биде во знакот на сафари шикот. Преку 23 модели, женски и машки, ке пробам да ви раскажам една љубовна приказна на сафари. А какви ке бидат парчињата, ќе видите сами за скоро..

Која боја и кои трендови ќе ја обележат твојата есенска колекција?

Анимал принтови, монохроматски бои, минималистички кроеви. Оваа сезона, целосниот look ке биде надополнет со чорапи од Bauerfiend, кои истовремено се и спонзори на самиот настан.

А кои се твоите must-have парчиња без кои нема да можеш оваа есен?

Гумени чизми, крзно, oversize јакни и џемпери.

Каде jа пронаоѓаш инспирацијата за твоите креации?

Фото: Викор Наумовски

Секогаш на различни места. Може да е некое патување, искуство, филм, музика, ера. Некогаш знае да ми се случи и креативен хаос, и да имам повеќе инспирации истовремено.

Која е главната карактеристика на твоите креации?

Чисти кроеви, квалитетни материјали и изработка.

Каде ќе можеме да ги најдеме твоите парчиња?

Во моето ново отворено студио и на интернет страницата на Bastet Noir (види тука)

Кој е твојот омилен парфем?

Coco Noir од Chanel.

Каков мејкап користиш и што носиш во твојата козметичка торбичка?

Со оглед на тоа дека не користам многу мејкап, повеќе имам препарати за негување, отколку за шминкање.

Во кој град најмногу сакаш да одиш на шопинг?

Не постои таков. Барем не сеуште. Од проста причина што никогаш не идам специјално за шопинг некаде. Туку тоа го правам скоро секаде каде што ке идам.

Омилена книга?

 ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ 

Во различни етапи од животот, имам и различни омилени книги. Моментално ми е „Љубовта трае три години“, од Frédéric Beigbeder.

Кое е твоето омилено парче кое што си го дизјнирала досега?

Од секоја колекција си и имам по едно омилено парче. А како по значајна, би ја издвоила колекцијата со која што дипломирав, се претставив во Фиренца и во која за прв пат имплеметирав ЛЕД диоди.

Фустанот што се најде во рубриката The Dress to Impress во британското издание на престижниот магазин Glamour.

Кои се твоите планови за во блиска иднина?

Да продолжам да работам со исто темпо, на себе и на своите колекции.

Новата колекција на Јована ќе биде поддржана од Bauerfiend »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button