Реклама
Интервју

Интервју со Џорџ Стајлер, најдобриот српски дизајнер: Облекувајте се онака како што се чувствувате најприродно

Реклама

Џорџ Стајлер со право ја носи титулата на најдобар српски дизајнер.

Џорџ во прегратка со кралската пудлица што носеше негов шал на ревијата …

Маркетинг

Оваа година се претстави на Лондонската недела на модата. Неговата колекција е избрана меѓу четирите победнички, во конкуренција на креациите на 290 млади дизајнери од целиот свет. Интересно е тоа што Стајлер се најде во групата на четири победници како единствен дизајнер кој не е школуван во Велика Британија. Неговата работа е опипана како „свежина на модната сцена“. Овој голем успех ќе му овозможи понатамошна промоција и продажба на колекцијата во Лондон, каде што планира да ја продолжи својата работа.

Неговата колекција за есен/зима 2014/15 “Network” беше претставена пред публиката во Србија на есенската недела на модата во Белград, а неодамна на 35-та Первол Модна недела во Белград публиката имаше можност да види и дел од неговата наградувана колекција.

Маркетинг

Какви се Вашите впечатоци од претставувањето на Модната недела во Белград?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Ја прифатив поканата на Модната недела Белград дел од мојата колекција од Лондон да ја претставам и во Србија. Беше премногу комплицирано целата колекција од Лондон да се испрати во Белград, па одлучивме да ја прикажеме во форма на изложба. Таквиот начин на презентирање кај нас се нарекува „модни вињети“ и тоа е изложба на живи модели или на некој друг интересен начин. Изложбата помина одлично, а ја имав и таа чест мој гостин да биде познатиот дизајнер Маниш Арора. Покрај тоа, со една креација се претставив и на ревијата на најдобри српски дизајнери ‘BFW Design Collective’ и беше навистина многу интересно бидејќи покрај моделите мој специјален гостин беше и кралската пудлица која носеше шал од Џорџ Стајлер.

Што претставува модата за вас?

„Модни вињети“

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Модата е моја професија така што ми е тешко да одговорам на ова прашање, бидејќи не ја сметам за нешто посебно и возвишено како што тоа е случај со луѓето кои не се занимаваат со тоа. За мене модата е работа која најдобро умеам да ја работам, а тоа е всушност мисловен процес кој опфаќа креација на некој објект. Тоа е во основа суштината на сите типови на дизајн.

Што мора да поседува една модна икона? Модни детали на себе или ..?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Секоја модна икона мора првенствено да има став, самодоверба и харизма. Тоа е она што е најважно на неа, а облеката е нешто што ќе ја дополни нејзината појава. Некој може да биде облечен најскапо на светот, ама ако ги нема тие 3 работи, никогаш нема да биде модна икона.

Во кој стил најдобро се снаоѓате како дизајнер?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Мојата мода ги комбинира стиловите од различните краеви на светот, и тоа е она по кое сум препознатлив. Скоро да нема народ кој нема да најде елементи од својата култура во моите креации и благодарение на тоа мојот стил се разликува од другите дизајнери. Светските критичари го нарекоа мојот моден правец „етно поп“ и поради тоа мојата облека се бара насекаде низ светот.

Мојата мода е прилично авангардна и може да се рече дека она што го работам јас припаѓа во концептуалната уметност бидејќи секоја колекција носи некоја порака и претставува своевидна социолошка студија.

Што не сакате да видите кај една жена/ маж?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Прилично сум толерантен кога е модата во прашање и не ми смета ништо кај другите освен ако е во прашање нешто што би ги загрозило другите луѓе. Секој си има свој стил и треба да се облекува и однесува онака како што се чувствува најприродно.

Кој го освои вашето немирно срце?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Во последните години сум посветена на мојата работа така што љубовниот живот го ставив во втор план. Имам пријатели и семејство кои ме сакаат, а заљубен сум во мојата работа. Посебно сум горд на групата „Фанови на Џорџ Стајлер“која ја води Марија Китановска од Македонија и сум многу благодарен на целата нивна поддршка и љубовта која ми ја даваат.

Кога да очекуваме Ваша ревија во Македонија?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Во иднина ревиите ќе ги прикажувам во Лондон, но радо ќе прифаќам и покани на други модни случувања. Ја сакам Македонија и таму секогаш ми било убаво. Ми се допаѓа вашето гостопримство, а секако и храната!

Кој стајлинг го предлагате за лето 2014?

 ЏОРЏ СТАЈЛЕР 

Ова лето во тренд ќе бидат впечатливи бои, така што ќе биде добро во својот орман да имате некој таков моден детаљ. Бидејќи сум познат и како дизајнер на плетена облека, секогаш е добро да имате и нешто од трикотажа во вашите ормани.

Џорџ Стајлер: есен/зима 2014-15 »

Автор: Амет

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button