Реклама
Интервју

Интервју со српскиот пејач Бакир Турковиќ: Тоше Проески е мојот најголем идол!

Реклама

Прочитакјте го ова интересн интервју со српскиот пејач Бакир Турковиќ кој беше финалист во „Свездите на Гранд“, а пред неколку дена ја промовираше и неговата прва песна „Запали се“ која за само неколку дена има преку 100.000 прегледи.

Бакир, како сте ?

Маркетинг

Благодарам на прашањето, одлично се чувствувам. На почетокот од ова интервју би сакал да ви се заблагодарам вам како екипа , се надевам дека ќе ги исполнам вашите очекувања и ќе ја оправдам довербата која ми ја пруживте.

Делувате доста повлечено, не правите скандали. Мислите ли дека тоа е потешкиот пат до популарноста ?

Маркетинг

Секој од нас си го избира својот пат. Одлуките во животот секогаш ги носам искрено и од срце. Многу пати сум платил за таа моја искреност, но таков човек сум, неможам да се менувам. На ист начин фукнционирам и во професијата, секако дека тоа е потежкиот пат, но публиката е таа што го дава последниот збор.
 

Каде и кога беше твојот прв јавен настап ?

Мојот прв настап беше во Охрид. Бевме на екскурзија во Охрид и Паралија- Грција. Во хотелот имаше бенд, и на наговор од моите пријатели јас отпеав неколку песни. Се сеќавам дека прва песна којашто ја отпеав беше “ Једина “ од Тоше Проески. Менаџерот на бендот, по првата моја испеана песна, го замоли пеачот на бендот да се повлече и ме замоли да продолжам да го отпеам цел блок. Тоа беше неверојатно искуство за мене, а воедно и првиот “ непланиран “ хонорар

Доколку пред себе би имале сликарско платно, кој момент од својот живот би го насликале ?

Секако тоа би бил моментот кога ми е соопштија дека сум влегол во големото финале. Тоа беше остварување на мојот најголем сон.
Дали сте емотивно исполнети и среќни ?

Во моментот не сум емотивно исполнет, но тоа не значи дека не сум среќен.

Што е според вас, најважно во врската ?

Во една врска најважни се искреноста и довербата . Ако овие особини не ги поседуваат пертнерите, тогаш таа врска неможе да функционира.

Патувањата ви се голема страст. Каде планирате да го поминете оваа лето ?

Ова лето ќе го поминам во Црна Гора и Хрватска. Таму имам доста настапи, па ќе се потрудам да го искористам она малку слободно време што ќе го имам за одмор.

Дали си бил во Македонија и дали имаш пријатели од Македонија?

Да, сум бил во Охрид. Тоа е навистина срцето на Македонија. Секако дека имам многу пријатели, мојот РR – менаџер е Mакедонец – Жика Кочарев.

Дали спортувате ?

Тренирав активно фудбал 7 години. Но, сега поради обврските тешко наоѓам слободно време за спорт.

Како би го опишале вашиот секојдневен живот?

Живеам нормален живот како и сите останати . Тоа што професијата која ја одбрав е јавна и поврзана со медиуми не ме прави посебен од другите.

Што најчесто може да ве изнервира ?

Најчесто може да ме изнервира неискреноста. Кога некој те лаже и те гледа во очи. Но, животот е таков, па мора да се среќаваме со секакви луѓе.

Која е ваша најдобра особина ?

Моја најдобра особина можеби е упорноста. Многу пати во животот наидуваме на доста препреки, но доколку сме сигурни во желбата и она што го сакаме, тогаш ништо неможе да не спречи до дојдеме до целта.

Кој е вашиот лек за лошо расположение ?

Само добра песна. Песната лечи се. (се смее)

Верувате ли во хороскоп ?

Иако многупати погодуваат (можеби случајно) , сепак не верувам.

Кога би добиле милион евра на лото, што би направиле ?

Половина од парите би ги дал во хуманитарни цели, на луѓето којшто им е неопходна помош, а другите полозина би ги вложил во кариерата.

Што би направиле доколку сте на власт 5 минути ?

Има доста работи којшто треба и мора да се променат во државата, но кога добро ќе размислам 5 минути се малку за промени (се смее).

Со кој би сакале да ве споредуваат : со З.Чолич или Џ. Лончаревич ?

Не би имал ништо против да ме споредуваат и со Чолич и со Лончаревич. Тие се едни од најдобрите пеачи на Балканот.

Дали се поврзувате емотивно со песните коишто ги пеете ?

Секако дека песните коишто ги пеам најпрво мора да ги доживеам лично јас. Кога пејачот лично ќе ја доживее песната којашто ја пее, публиката тоа одлично го забележува.

Дали би се пријавил на аудиција за „ Sвездите на Гранд “ доколку победивте во шоуто „Sвезда можеш да бидеш ти “?

Доколку победев во шоуто „ Sвезда можеш да бидеш ти “ , ќе имав договор на определено време со телевизија Хајат и немаше да имам право да се пријавам на никое друго натпреварување, се додека не ми помине договорот.

По што се разликувате од останатите натпреварувачи во музичкото шоу ?

Можеби тоа што јас бев најопуштен на сцената. Сите мои колеги имаа проблеми со тремата, сепак излегуваш на сцена и треба да пееш пред 5 врвни музички критичари. За разлика од нив, јас бев опуштен и нормален.

Имате ли понуди за настапи ? Каков е интересот на публиката ?

Настапи имав и пред натпреварувањето. Но после натпреварувањето и објавувањето на мојата прва песна “ Запали се “ интересот на публиката е огромен а тоа ме прави посебно среќен. 

Кој е ваш музички идол ?

Мојот музички идол е Тоше Проески. Тоше беше пеач со ангелски глас. Македонија треба да биде горда на него.

Какви се вашите планови за наредниот период ?

{youtube}nZSTtsudAVQ{/youtube}

Во следниот период ме очекуваат доста концерти, а воедно и промовирање на песната „Запали се “. Па некаде на есен искрено се надевам дека ќе ги израдувам моите фанови со нов сингл на којшто детално работиме.

Фото: фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button