Поразговаравме со Азизе Демиши, авторка на модниот блог http://rosee96.blogspot.se/, која за себе вели дека ужива да ги комбинира стиловите, и дека не може без фармерки.
Што се однесува до нејзините ритуали за убавина, за разлика од востановената пракса, таа ни открива дека секогаш најпрво ги шминка очите, а дури потоа нанесува течна пудра. Но да почнеме по ред …
Кога започна со твојот моден блог и од каде дојде идејата да го започнеш?
Блогот го започнав пред две години, бев инспирирана од странските блогери и и јас сакав да си имам свое катче каде што би можела да објавувам мои комбинации, постови поврзани со шминка итн.
Како би го опишала твојот стил?
Мојот стил преживува трансформации од почетокот кога го започнав блогот, ама сепак остана специфичен, заснован на умешноста да искомбинирам различни стилови во една комбинација.
Кои се твоите омилени козметички производи?
Па, од производите најдраги ми се Max Factor CC cream, Catrice Camuflage Cream, Loreal Lash Architect 4D Mascara, Isadora Face Sculptor, Clarins Lipstick (105)…
Кoи производи ги користеше во твоето видео за гламурозна шминка?
{youtube}onySX5McHfg{/youtube}
„Прво ги шминкам очите, а потоа нанесувам пудра. И да, без фармерки не можам!“ |
Производите кои ги користев за ова видео се следниве: Max Factor CC cream (40 fair), Catrice Camuflage Cream, Maybelline Fit me Powder и Isadora Face Sculptor за лице. Потоа за усни користев: Aura lip liner (34), Clarins red lipstick 121 red prodige, Isadora matte lipstick 06 додека за очите користев Ruby Rose matte eyeshadow palette, Clarins eyeshadow palette (Neo Pastels), Riri loves Mac eyeshadow palette, Golden Rose pen eyeliner, Max Factor False Lash mascara и Flomar eyeliner.
Што имаш секогаш во твојата чанта кога се производите за убавина во прашање, и како ја негуваш твојата лице и кожа преку зима?
Во чантата секогаш имам 2-3 кармини, лабело, парфем и немам потреба од ништо друго. Имам сува кожа па во зима имам потреба од поголема нега на лицето. Секојдневно го чистам лицето со масло за чистење на лице од „The Body Shop“ и гел за лице наменет за сува кожа од „Neutrogena“, еднаш неделно користам и пилинг за лице. За секој ден ја користам и дневната крема за сува кожа на “L’oreal tripple active“.
Дали имаш некои посебни бјути ритуали и кои се must-have производи за следната сезона според тебе?
Секогаш прво ги шминкам очите а потоа ја нанесувам течната пудра. Што се однесува до must-have производите за следната сезона, тоа се течната пудра со dewy финиш, палета на сенки во “Nude” нијанси, маскара, и кармин во специфична боја.
Дали ги следиш трендовите и кој според тебе е главниот тренд за оваа година?
Кога се работи за шминка не следам трендови, сакам да се шминкам како ми одговара на лицето и за пригодата. Годинава ќе има микс трендови од минатите сезони, ама сепак мејкап артистите се стремат кон минимализмот, минимална шминка доволна да се покријат недостатоците, полни веѓи, истакнати усни итн.
Која е твојата омилена бјути икона и што претставува убавината за тебе?
Ја обожавам Кара Делевињ, секогаш има минимална шминка а изгледа прекрасно и полна е со самодоверба. Чист и негуван човек е за мене убав човек.
Како треба да изгледа еден маж по твој вкус?
Паметен, интелегентен и храбрар.
Кое е твоето омилено модно парче без кое не можеш и дали имаш модна комбинација која те спасува во сите пригоди?
Не можам без фармерки, постојано ги носам, можат да се носат на различни пригоди, дали за обична прошетка, за кафе со пријателите, за ручек со момчето итн. Комбинација која ме спасува во сите пригоди е црниот фустан искомбиниран со високи потпетици и драматична шминка.
Од каде најчесто ги купуваш твоите парчиња?
Најмногу носам фаркерки и затоа купувам од Levi’s, имам неколку пара кои се со одличен квалитет, а се друго останато најчесто ми е од локални продавници и од H&M, Zara, Bershka итн.
Кој е твојот совет за сите девојки што сакаат да започна свој моден блог?
Пред да започнеш со свој блог битно е да знаеш дека за блогот треба време, посветеност, убави фотографии и слично, и блогот може да ти биде хоби, а не и професија. И да – биди своја, облекувај се за тебе, дефинирај го својот стил и биди горда на него!
Кликнете тука и разгледајте го блогот на Азизе »