Реклама
Интервју

Интервју со Ферат Кербличи од карате клуб Металург

Реклама

Со искрено задоволство ви претставуваме еден наш успешен шампион во карате, Ферат Кербличи, кој заедно со неговиот карате клуб Металург ќе не претставува на европскиот карате шампионат во Финска.

Ферат и покрај неговите повреди, тој е повторно во форма, но овој пат посилен и со поголем мотив, а впрочем тоа и го докажа во Чачак, Србија. Неговиот следен предизвик е натпреварот во Финска, каде утре заминува заедно со неговиот КК Металург и од каде им посакуваме да се вратат со многу медaли.

Маркетинг

Како се случи да го избереш каратето како спорт?

Маркетинг

 ФЕРАТ КЕРБЛИЧИ 

Бидејќи бев хиперактивно дете, уште од мал ме интересираа спопртовите како карате и кик бокс, а во тој период каратето беше многу поактуелен спорт од останатите и затоа се одлучив токму за него.

На колку натпревари си учествувал досега?

 ФЕРАТ КЕРБЛИЧИ 

Со оглед на тоа дека каратето во последните години стана еден од најтрофејните спортови во државата, ние како клуб земаме учество на многу меѓународни турнири и светски лиги. Точната бројка не ја знам, но знам дека се многу…

Кои достигнувања би ги издвоил како посебни?

 ФЕРАТ КЕРБЛИЧИ 

Неколку години сум државен првак во категорија до 75 килограми, а во Тенерифе во 2012 го освоив 5-то место и истата година бев 7-мо на светското првенство во Париз.

Која ти е омилена ката (или удар) и која категорија ти одговара најмногу?

 ФЕРАТ КЕРБЛИЧИ 

Бидејќи се натпреварувам во категорија борби омилен удар ми е ура маваши. Што се однесува до категориите, најмногу ми одговара моменталната категорија – 75 килограми.

Се занимаваш ли со друг спорт/активност освен со карате?

Овој спорт бара вложување на многу напор и труд, и бидејќи тренирам секој ден, а понекогаш и два пати на ден, едноставно немам време за други активности надвор од каратето.

Колку овој спорт бара дисциплина, од што се состои твојата исхрана и дали имаш вреше за ноќен живот?

 ФЕРАТ КЕРБЛИЧИ 

Овој спорт бара голема дисциплина и посветеност, бидејќи за да се биде добар во него, потребно е да се тренира секојдневно. Немам некој посебен режим на исхрана, но се трудам да јадам што е можно повеќе овошје, зеленчук и протеини. Што се однесува до ноќниот живот и забавите, се обидувам да ги избегнувам, особено кога станува збор за деновите пред натпреварите и турнирите.

Автор: Амет

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button