Диети

Диета со интегрални житарки

Реклама
Реклама

Интегралните житарки не само што ќе ви помогнат да го намалите обемот на половината туку и значително ќе го подобрат вашето здравје во целост.

Маркетинг

Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на барем еден оброк кој содржи интегрални житарки значително ги намалува телесните маснотии околу половината, додека почестото консумирање, неколку оброци дневно, доведува и до намалување на тежината и подобрување на здравјето.

Врз основа на ова, ви ја предлагаме следнава диета која трае само седум денови, а ќе ви помогне да се ослободите од 4-5 килограми и значително да го подобрите здравјето.

Со оваа диета се поттикнува работата на дигестивниот тракт, а телото се снабдува со витамини, минерали, целулоза и биоактивни супстанции. Ако не ви се допаѓа некоја од наведените интегрални житарки, или не можете да ја најдете, одберете друга и заменете ја онаа што не ви се допаѓа. Меѓу оброците може да се пие негазирана вода, зелен чај и свежо цедени сокови. По завршувањето на диетата се препорачува одреден период да се јаде помалку месо. Ако продолжите да јадете интегрални житарки и суво грозје и кајсии, можете да ослабите околу 9 килограми за 6 недели. Со оваа диета се прочистува телото и ако имате акни или нечистотии на лицето, тие ќе исчезнат и кожата потполно ќе ви се исчисти!

Маркетинг

Во текот на диетата никако не треба да се консумира шеќер, сол и алкохол.

Ден со пченица

Пченицата од цело зрно е богата со витамини Б1, Б2, Б3, Е, фолна киселина, калиум, фосфор, цинк, бакар, железо, магнезиум и диетални влакна.

Помага при третманот на дијабетес, помага во одржувањето на телесната тежина, намалувањето на притисокот и нивото на холестерол.
За дневна порција подгответе: на 180 гр. пченица од цело зрно се додава 750 мл. врела превриена вода и се вари околу 20 минути на тивок оган.

Појадок: житарки + замена за шеќер + 1 дл. топло млеко
Ручек: 1 чаша чорба од зеленчук + 1 младо кромитче + житарки
Вечера: житарки + 1,25 дл. јогурт + замена за шеќер + цимет

Ден со просо

Просото е богато со лизин, протеини и Б витамини. Не содржи глутен и лесно се вари. Делува како диуретик, помага кај лошо варење, дијареја (препечете го просото пред варење), повраќање (направете супа од просо), и дијабетес. Одлично е за желудникот, панкреасот и бубрезите.

За дневна порција подгответе: на 180 гр. излупено просо се додава 750 мл. врела превриена вода и се вари околу 30 минути на тивок оган.

Појадок: житарки + замена за шеќер + 1 дл. топло млеко
Ручек: 1 чаша чорба од зеленчук + житарки
Вечера: житарки + замена за шеќер + 1 рендано јаболко + сок од 1 лимон

Ден со овес

Овесот е богат со витамин Е, цинк, селен, бакар, манган и магнезиум. Овесот е добар извор на протеини, го намалува лошиот холестерол и има антиканцерогени својства. Помага кај опстипација, синдром на иритабилни црева и хемороиди.

За дневна порција подгответе: на 180 гр. овесни снегулки се додава 750 мл. врела вода и се вари околу 10 минути на тивок оган.

Појадок: житарки + замена за шеќер + 1 дл. топло млеко
Ручек: 1 чаша чорба од зеленчук + житарки + лук и магданос
Вечера: житарки + замена за шеќер + 90 гр. младо сирење + 1 голема лажица какао

Ден со интегрален ориз

Оризот е богат со Б витамини, го намалува ризикот од рак на дебелото црево, го снижува нивото на холестерол и помага кај појавата на хемороиди, дијабетес, хроничен затвор и проширени вени.

За дневна порција подгответе: на 150 гр. интегрален ориз се додава врела вода и се вари околу 35 минути на тивок оган. Излупете 450 гр. јаболка, исечете ги на ситни парчиња, додајте малку вода и варете ги десетина минути. Измешајте го оризот, јаболката, сок од лимон, замена за шеќер и цимет. Поделете на 3 порции и изедете по една порција за појадок, ручек и вечера.

Ден со јачмен

Јачменот е богат со протеини, калиум и калциум. Јачменот поволно влијае на панкреасот, ја регулира работата на желудникот и ги зајакнува цревата. Исто така е корисен за жолчната ќеса и за нервите, и ја зајакнува крвта.

За дневна порција подгответе: на 180 гр. излупен јачмен се додава 750 мл. врела вода и се вари околу 10 минути на тивок оган.

Појадок: житарки + замена за шеќер + 1 дл. топло млеко
Ручек: 1 чаша чорба од зеленчук + житарки + 1 младо кромитче + 1 пиперка
Вечера: житарки + замена за шеќер + ½ чаша сок од портокал + 2 лажици јогурт

Ден со хељда

Хељдата содржи белковини, масти, витамини, фосфор, железо, калциум и микроелементи како јод, цинк, бор и др. Помага при третманот на многу болести како хипертензија, ревматизам, глауком, дијабетес, и заболувања како последица од радиоактивни зрачења.

За дневна порција подгответе: на 180 гр. излупена хељда се додава 750 мл. врела вода и се вари околу 10 минути на тивок оган.

Појадок: житарки + замена за шеќер + 1 дл. топло млеко
Ручек: 1 чаша чорба од зеленчук + житарки + зачини
Вечера: житарки + замена за шеќер + 1 чаша јогурт

Ден со комбинирани житарки

За дневна порција подгответе: на 60 гр. пченица, 60 гр. излупена хељда и 60 гр. овесни снегулки се додава 750 мл. врела вода и се вари околу 20 минути на тивок оган.

Појадок: житарки + замена за шеќер + 1 дл. топло млеко
Ручек: 1 чаша чорба од зеленчук + житарки + лук + 3 лажици сос од домати (загрејте се заедно)
Вечера: житарки + замена за шеќер + сок од 1 лимон + цимет + 1 рендано јаболко.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button