Реклама
Култура[тор]

Inna во Белград

Реклама

Спремете се за најлудата журка на 13 јануари. Големата европска dance ѕвезда INNA ќе настапи во Belexpo Centar, во организација на Српското MTV и FHN тимот!

Атрактивната Inna е двојна добитничка на MTV награди во категоријата Best Romanian Act. Популарната пејачка од Романија е позната по нумерите: “Hot”, “Amazing” “Sun Is Up”, “Club Rocker” и “Un Momento”, кои во збир имаат преку 200 милиони прегледи на сервисот YouTube, и е моментално најголемата dance ѕвезда во Европа со преку 500.000 продадени синглови само во Британија!

Маркетинг

Продажбата на влезниците започна од 18 ноември, на сите продажни места на Eventim ширум Србија, или преку следниот линк online. За најбрзите се обезбедени 100 влезници по специјална цена од 600 мкд ( 1.000 динари ), а после тоа стандардната цена на влезницата ќе изнесува 800 мкд, која ќе важи до 15 декември. Потоа цените ќе се подигнат за уште малку, а на денот на концертот ќе бидат највисоки. Во продажба е и ограничена серија VIP влезница по цена од 1200 мкд. После 2 успешни настапи одржани во Нови Сад во организација на FHN тимот, ова е прв белградски настап на атрактивната 25-годишната ѕвезда.

alt

Маркетинг

Покрај Inna, на големиот MTV концерт закажан за 13 јануари, ќе настапи и еден од моментално најбараните српски бендови, белградскиот состав MVP. Хитови како “Idemo gore” и “Celu noć i celi dan” заслужено им донеа популарност на MVP, чиј деби-албум “Za Bolje Znam, Al’ Mi Bolje Ne Treba” за само 3 месеци е станал Mainstream на регионално ниво. Поддршка на настапот ќе даде и Top FM DJ со тоа што ќе се најде на листата на изведувачи на истиот настан на 13 јануари.

Се очекува да овој настап на заводливата dance звезда има добра посетеност . За настапот во Нови Сад може да кажеме само добри зборови: позитивна атмосвера, движење и енергетска бомба. Погледнете го клипчево, оставете коментар, а богами и побрзајте за влезници! Можеби ќе зграбите некоја од првите 100…

{youtube}wxPnerWOprM{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button