Нега и здравје

Зошто вашиот индекс на телесна маса (ИТМ) може да НЕ е точен

Advertisement

Кој е најлошиот дел од одењето на доктор? За мене, тоа е разговор со докторката во врска со мојот ИТМ (таа вели дека ми е премногу висок).

Advertisement

OK докторке, сфатив.

Но, не може да сум толку нездрава како што мислам – барем според Ник Трефетен,  професор по математика на Оксфордскиот универзитет. Бројките, како што генијалецот неодамна ги наведе за Економист, од децениски старата ИТМ формула се грешни.

Неговиот аргумент: Актуелната формула е во полза на високите луѓе.

Advertisement

„Живееме во тридимензионален свет, а сепак ИТМ е дефиниран како тежината поделена со квадрат од висината“, пишува тој, додавајќи дека е бизарно, според оваа формула, покусите луѓе да мислат дека се поздрави отколку што навистина се. Трефетен, исто така, ја ревидирал формулата за да го поддржи својот аргумент (може да го пресметате вашиот ИТМ врз основа на двете формули тука).

Дали новата ИТМ формула навистина променува толку многу? Впрочем, не. Она што навистина е важно, барем од здравствена гледна точка, е процентот на телесните масти.

А од лична перспектива? Ако сте задоволни со вашето тело и се чувствувате здраво, тоа е сè што е важно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button