Реклама
Култура[тор]

Преслушајте ја нова песна на Илија Ќосевски

Реклама

Ви ја претставуваме најновата песна и видеоспот на македонскиот музичар Илија Ќосевски…

ilijapesna4

Маркетинг

Илија Ќосевски е роден во Штип и со музика има започнато да се занимава уште на 5 годишна возраст. Најпрво започнал да свири на виолина, но набргу открил дека чувствува поголема љубов кон флејтата, па така го избрал овој инструмент за главен за време на основното музичко училиште во Штип. Во овој период за прв пат го покажува својот музички талент, кој во комбинација со напорната работа и љубов кон музиката му носи бројни награди и успеси, од кои како позначајни ќе ги истакнеме двете втори и трети места на државните натпревари.

ilijapesna3

Тоа било одличен поттик и патоказ во животот дека музиката е таа која ќе ја формира неговата емпирија, па следно било запишувањето во средното музичко училиште во Штип „Сергеј Михајлов“, каде што се определува за Традиционалните Македонски народни инструменти, под водство на професорот Горан Ангелов – Гајда. 

Маркетинг

По завршувањето на средното образование се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје и дипломира на отсекот Народни инструменти, кај проф. Драган Даутовски. Илија денес е професор во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип и денес стекнатото знаење од традиционалната Македонска народна музика им го пренесува на деца од 7 до 18 години.

Со популарната музика и творењето на популарна музика започнува да се бави на 17 години и во 2007 г. го има својот прв настап како дебитант на Макфест. Наредната година има нов настап на Макфест, а во 2009 Сања Лечкова  ја изведува неговата песна „Душа уморна“, по што следуваат настапи на фестивалот ФЕШТА, за да во 2011-та стигне и до победеа со песната „Ангели и демони“на Зоран Илиев, каде се јавува како аранжер. 

ilijapesna2

Она кое што ние денес ќе ви го претставиме е неговиот прв видео запис за песната „ТЕ ИЗГУБИВ“, која е посветена на неговиот покоен татко. Во видеото и во песната се раскажува за неговиот  живот со него и чувствата и емоциите кои се предизвикани од загубата. 

Мислиме дека сите љубители на македонската забавна музика навистина ќе уживаат во убавите оригинални звуци на Илија, пропратени со длабоките емоции и лирики кои песната ги носи со себе. 

Ние го поздравуваме Илија, а вам ви посакуваме да уживате во песната.

{youtube}Bg5nmX6beF4{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button