Цел Балкан се смее поради колената на оваа водителка – но дали е тоа нормално?
Не е нормално. Точка!
Водителката на ХРТ се појави со изгребани коленици па веднаш стана хит на социјалните мрежи поради негативните коментари кои изобилуваат со сексуални конотации од типот „Се знае по каков чин колената изгледаат вака?!“ Не, искрено нам не ни е јасно по каков чин колената изгледаат вака!? Според нас овие повреди можат да се појават и поради пад од велосипед или ролери, поради некоја алергиска реакција или едноставно од чистење на тепихот што го извалкале нашите мали неранимајковци. Многу помалку е веројатно дека настанале при играње фудбал со пријателките што најверојатно прво би помислиле кога би виделе маж во бермуди кој би имал вакви белези на колената. Сепак, последно нешто на што би помислиле е дека повредите се настанати при орален секс, а токму тоа е првата асоцијација на Балканците. Во тој контекст би кажале дека многу повеќе не асоцира дека настанале како последица од „обичен“ секс, но тоа секако би се воздржале и не би го напишале тоа на социјалните мрежи.
Зошто? Па затоа што секогаш кога ќе го кажеме тоа на глас, ќе се засрамиме! Воопшто не ни е пријатно од тоа што ваквите глупави коментари за кои и ние како земја не сме исклучок покажуваат само како денес се перципираат жените и колку навистина е силна и безмилосна сексуализацијата на изгледот и однесувањето на жените. Тоа можеме да го забележиме и од многу коментари што стојат под фотографии на социјалните мрежи во Македонија, под кои најчесто со вулгарни и погрдни зборови се навредуваат припаднички на понежниот пол, и тоа не ретко и од жени што е и најразочарувачки.
Но тоа навистина не е убаво, и кога ние би биле една од нив, би се засрамиле!
Што мислите вие?