Реклама
Култура[тор]

Hurts во Македонија

Реклама

„Скопје Гори 2011 бомба: Hurts во Македонија!!!“

Почитувајќи ја желбата на публиката, во Скопје во 2011, да види нешто ново, свежо, актуелно и квалитетно, нешто чие време не e само сега одма, туку и нешто чие време допрва следи уште повеќе. Авалон продукција го обезбеди доаѓањето на последната голема британска атракција, реално извонредните и навистина многу популарни HURTS.

Маркетинг

Датум 26-ти мај, локација Скопско Кале – open air. Еден ден пред Скопје, Авалон продукција ги носи Hurts во Белград на 25-ти мај во Белградска Арена! Повеќе детали за Hurts во Скопје и воопшто за евентот, наскоро.

Hurts – Theo Hutchcraft (24)-вокал и Adam Anderson (26)-клавијатури, се дефинитивно најновото, најбараното и најпродаваното музичко чудо на 2010 година. Ова манчестерско дуо од првото свое појавување на музичката сцена, претставува, спрема зборовите на многу музички критичари, а што е уште по важно спрема рекордниот број на фанови во многу кусо време, најдоброто нешто што се појавило на музичката сцена во 2010-та година. Се започува со поставувањето на нивниот нискобуџетен спот (20 фунти) за песната Wonderful Life на Youtube, 17 милиони прегледи на спотот е дефинитивен доказ дека приказната започнува.

Маркетинг

Добро знаеме дека многу музички приказни започнале од Манчестер, но ниту една со толку голема брзина не се движела во музичкиот свет. На 6-ти септември 2010-та година Hurts го издаваат својот деби албум Happiness и моментално влегуваат во топ 10 во повеќе од 15 земји, а во 5 држави стигнуваат и до прво место со продадени преку 400 000 примероци во првите 12 недели. Во кратко време од албумот излегуваат дури 3 синглови, а веќе има најава за излегувањето на четврт сингл на 28-ми февруари. Секако за напомена е и фактот што на својот прв албум Hurts успеваат да направат и соработка со Kylie Minoque, која без двоумење ја прифаќа понудената соработка од тотално непознатиот бенд. 2011-та е секако година на Hurts, секојдневно потврдуваат учество на најголемите светски фестивали како Coachella, Isle of Wight, а секако е мало чудо што за прв пат на 26-ти мај Hurts ни пристигнуваат и во Македонија.

Ваша,
Авалон Продукција

{youtube}Kuwdw7KmGwA{/youtube}

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button