Есма Реџепова – кралица и жена која беше полна со енергија, љубов и хуманост кои треба да ни бидат пример во животот
Нашата пејачка и кралица на ромската музика почина пред точно една година
Таа денес би требало да има 74 години, а за скоро шест децении од естрадниот стаж одржа преку 23.000 концерти ширум светот, од кои една третина беа со хуманитарен карактер. Со музика почна да се занимава од најраните години. На 10 годишна возраст победи на натпреварот што го организираше тогашното Радио Скопје, а воедно беше и првата Ромка која на овој натпревар настапи со песна на ромски јазик. Во Гандинагар, Индија, во 1976 година беше прогласена за кралица на ромската музика, што дополнително ја мотивираше да создава и работи што и го правеше се до крајот на својот живот.
{youtube}syiBN7hJqPU{/youtube}
„Моето детство беше многу тешко, но јас тоа го искористив како големо школо. Всушност тешката страна на животот ја почувствував во детството. Додека останатите растеа безгрижно, јас морав да работам разно-разни работи, носев млеко, чистев станови, го чував кучето на еден познат скопски доктор, Ципушев, а парите што ги заработував ги трошев економично. Сакав да одам на кино, па со заштедените пари купував билети. Се борев со предрасудите во општеството, секогаш морав на некого да му се докажуван, но, како што можете да видите, сето тоа на крајот се исплати, јас сум му благодарна на Бога“, изјави своевремено кралицата на ромската музика
{youtube}fP9FYpp6p6s{/youtube}
Есма двапати беше номинирана за Нобелова награда за мир, а и покрај тоа што никогаш не родила свои деца, посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“, а таа важеше за мајка со најмногу деца во Македонија која зад себе остави повеќе од 100 внуци и правнуци. „За да ги зачуваме од дом или улица, Стево ги учеше да свират на разни инструменти и денес сите се музичари во некои оркестри и живеат поштено и заработуваат“, изјави Есма, жената чија енергија не смееме да ја заборавиме бидејќи нејзината љубов, глас и хуманост беа поголеми од животот.
{youtube}-XCOyB7WStI{/youtube}