Хромирани Машини
„Едноставното префарбување на колите очигледни дека веќе не е модерно….“ Некои луѓе едноставно не се задоволуваат со тривијалности, туку едноставно се „навлечени“ на ексклузивност и можеби помалку ексцентричност. Мислам дека во случајов со автомобилите кои ќе ви ги прикажеме во оваа галерија, станува збор токму за такво нешто. Наводно, на сопствениците на овие „чудовишта“ не им било доволно само да возат машини од неколку илјади кубика, па така решиле да ги обложат со хром. Замислете само колку сончев блесок ќе се одбива кога коливе ќе излезат на улиците по сончево време….