Култура[тор]

Христо Петрески добитник на „Рациново признание“

Добитник на наградата „Рациново признание“ за 2012 година, кое ќе се додели на овогодинешните 49-ти „Рацинови Средби“ е писателот Христо Петрески, за романот „Лифтот (не) е за двајца“. Делото е симбол, метафора, синоним на современиот живот и време. 

Ова е одлуката што жири-комисија во состав: Тодор Чакаловски, Милован Стефановски и Мишел Павловски, ја донела едногласно, откако ги сублимирале 12-те нови прозни дела што пристигнале на објавениот конкурс. 

alt

Рациновото признание досега го добиле речиси сите најистакнати писатели од Македонија и кон таа плејада од автори се приклучувам и јас, а ова признание го чувствувам како признание за новата проза, за релативно помладите автори, за современите тенденции и движена на планот на романот и расказот,“ – потенцираше Петрески.

Прозното остварување на Христо Петрески се укажува како сериозно обмислен и слоевит стилско тематски зафат во современата македонска белетристика“, рече Тодор Чаловски, претседател на жири комисијата за доделување на наградата Рациново признание за 2012. 

Оваа година 49-те „Рацинови Средби“ ќе се одржат на 14 и 15 јуни.

На поетскиот митинг ќе настапат вкупно 17 поети од кои 5 поети од странство, 8 поети од Македонија и 4 поети од Велес.Беседите за Рацин ќе ги имаат поетите: Илхами Емин и Иван Џепаровски, а додека за музичкиот дел задолжени ќе бидат групата Старовски и Пеце Атанасовски оркестра.

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button