Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Храбри и среќни се мажите кои знаат како да љубат жена Овен

Реклама

Мажи, ако сте заљубени во дама родена во знакот Овен, тогаш вие сте навистина среќни и храбри.

Жената Овен лесно живее и без мажи, но дефинитивно не може да живее долг период без љубов. Таа умее сите работи да ги заврши навремено, но сепак потајно сонува за херојот од своите соништа. Поради нејзината нетрпеливост, но и силата која ја покажува пред мажите, жената Овен речиси секогаш прва ги презема работите во своите раце и прва го покажува партнерот на состанок. Вниманието лесно ѝ го привлекуваат мажи кои се силни, полни со лудости и желни за авантури.

Маркетинг

Само луѓето кои живеат во нејзина близина знаат колку нежности носи во себе и колку добра и попустлива може да биде. Секогаш има време за оние кои ѝ се драги, а не сака мажи кои кои секогаш сакаат да доменираат. Жената Овен најчесто е ведра и полна со желба за живот, но во ноќите знае да се затвори во себе и да ужива во самотијата.

Брзо треба да сфатите дека љубовта за неа е нешто од витално значење, но дека истовремено треба да ѝ оставите време да се посвети на своите обврски.Со оваа жена секогаш ќе ја имате посакуваната слобода, а нејзе можете целосно да ѝ верувате. Таа ретко може да сака двајца мажи истовремено и верноста и е доминантна карактеристика. Нејзиниот оптимизам и вербата во утрешниот ден ѝ се најголемата потпора во животот.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button