Реклама
Култура[тор]

За љубителите на хорори

Реклама

The Exorcism of Emily Rose е еден од оние кои што треба да бидат запишани во емпириската архива на сите поклоници на жанрот на Стравот и Ужасот, посебно на оние кои ги обожаваат темите каде што се подига адреналинот кога започнува да се говори за натприродното.

Маркетинг

На оваа тема (посебно после појавата на филмот на M. Night Skyamalan, „Шесто Сетило“ со Bruce Willis) се направија цел куп медиокритетни остварувања. Ние ќе се потсетиме на филмот од 2005, кој што е добар исклучок од таа групација – „Егзорцизмот на Емили Роуз“. Не дека и овој е нешто посебно кое што останува запишано во аналите на филмската антологија, но сепак мора да се признае дека станува збор за возбудлив филм.

alt

Маркетинг

Сотона, содомија…..на 19 годишната пристојна и невина Emily, која доаѓа од американската варијанта на Пасквелија, ú се остварува сонот да се запише на факултет и се запознае со убавите нешта на образованието. Но многу бргу се запознава и со самиот Ѓавол, кој што ’влегува‘ во неа и ú ги обзема умот и духот. Начинот за спас го гледа во Отецот Moore од нејзиниот роден град, кому му се случува несреќа при извршувањето на последниот егзорцизам: задно со Ѓаволот, од кутрата девојка да го истера и Господ, па малата кине конци. Потоа му судат и…..

Филмот е правен по вистински настани и навосно станува збор за приказната за германката Аnneliese Мichel, односно адаптација на нејзината морбидна сторија.

{youtube}lSy7DldFdUI{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button