Реклама
Хороскоп

Хороскопскиот знак ви го бира местото за одмор и живеење?!

Реклама

Иако сите сме навикнати хороскопот да ни предвидува каков ќе ни биде денот или периодот во годината, тој може да открие и многу повеќе – на пример каков вид на живот најмногу Ви одговара…

horozhivot1

Значи, ако некогаш сте се запрашале кој е вашиот одмор од соништата, идеален град за живеење и слично, тогаш мора ОБАВЕЗНО да го простудирате текстов пред вас и да започнете технички да се ’потковувате‘ на полето на астрологијата.

Маркетинг

Овен 

Овој знак е типичен авантурист кој го сака живеењето во град со долги и богати ноќи (со сите атрибути кои се можни), сака скокање д падобран, скајдајвинг, планинарење, алпинизам, спуштање по брзите речни струи. Значи, која и каква да е дестинација, но која нуди вакви или слични настани како мамец за да ја посетите, за Овенот е совршена опција! 

Маркетинг

Град со активен ноќен живот и авантури – како Лас Вегас на пример – претставува идеално место за живеење за овој знак. А бидејќи Овновите се во постојано брзање и гужва, сакаат мали простори за живот како полесно би ги одржувале. Затоа, становите се идеални за нив! Имаат постојана желба да живеат според паролата: „Светот ми е под нозе“, па така е пожелно станот да биде на што повисок кат и во самиот центар. Ова второво им е важно, како би биле во близина на сите актуелни случување во местото на живеење.

Бик

horozhivot2

Бикот е склон кон релаксиран одмор, тежнее по убави пејзажи и добра храна. Значи, претставниците на овој знак кога одат на одмор сакаат да бидат на место кое ќе ги потсетува на нивниот дом, само со поголема доза на егзотика. Ги привлекува добрата храна и убави места за очите, па така место како Калифорнија, Хаваи, Гоа во Индија, се вистинскиот избор за нив. А Калифорнија ја споменавме затоа што Лос Анѓелес е идеален град во кој што тие би живееле и со кои најекономично ќе располагаат со своите финансии. 

Идеална варијанта е куќа со голема градина, голема кујна и трпезарија. Љубовта кон природата ќе биде надоместена со големата бавча во дворот. А бидејќи се и знак кој сака да готви, големата кујна се наметнува како логичен избор, додека големата трпезарија е одговор на нивната желба што почесто да се хранат заедно со пријателите и семејството!

Близнаци

Ова е еден од најактивните знаци, кои обожаваат градови кои никогаш не спијат! Со други зборови, Близнаците се знак кој што зафатен дури и за време на годишен одмор. Излети, посети на музеи и археолошки наоѓалишта, со некој час спортски активности, ова претставува сценарио (или план) за одмор од соништата за еден Близнак. А бидејќи не поднесуваат досадување во ниедна форма, припадниците на овој знак сакаат да живеат во градови кои ’никогаш не спијат‘. А подобар избор од Њу Јорк за такво нешто – нема! 

Кога е во прашање начинот на уредување и живеење, становите се попогодни за Близнаците, се додека се наоѓаат во центарот, имаат убав поглед и голем гардеробер. Потребата за живот во центар произлегува од нивната желба да бидат во центарот на збиднувањата. А бидејќи се креативни типови, идеална комбинација би била да имаат одличен поглед од работната соба. На крајот, големиот гардеробер е последица на нивната склоност кон колекционирање на алишта и обувки.

Рак

Ова е емотивен знак кој со најголемо задоволство во одмарал и живеел покрај вода! Значи, на Раковите им е најбитно за време на одморот да бидат во друштво на блиски и мили луѓе. А бидеји ја обожаваат водата, било која дестинација на која има вода, претставува одличен избор. Сакаат да се разликуваат од околината, што покрај специфичниот карактерен склоп, воглавно им поаѓа од рака, па така идеално место за живеење за нив би бил некој специфичен град, како Париз на пример. 

Љубовта кон водата влијае и на нивниот избор на место за живеење. Куќа покрај брегот секогаш ќе биде нивни избор, а ако тоа не е можно, ќе тежнеат кон тоа во својот двор или стан, имаат мала фонтана или аквариум. Раковите спаѓаат во ретките знаци на кои не им претставува никаков проблем да живеат и на приземје. ја сакаат близината на тлото, па така ретки се моментите кога се однесуваат прибирливо.

Лав

horozhivot2

Ова е знакот за кого е типична страста кон раскош во животот, па така е и со одењето на одмор. Нивната склоност кон гламур и луксуз доаѓа до израз дури и кога се бира место за одмор. Колку поскапо и погламурозно, толку подобро! Њу Јорк и Лас Вегас би биле градовите во кои вистински ќе можат да уживаат. Го сакаат сончевото време, плажа и атмосфера која ви прави да заборавите на проблемите, па идеален избор на град за еден Лав би била Барселона.

Кога се земе в предвид нивната љубов кон раскошот и размислувањето на големо, припадниците на овој знак би биле најсреќни доколку живеат во огромна, раскошна вила! И становите доаѓаат во предвид, се додека се пространи, со убав поглед и голема спална соба. Не сакаат да живеат премногу близу до земјата, но ниту на премногу високи катови.

Девица

Ова е знакот на перфекционистите и оние кои тежнеат кон дисциплина! Девиците се восхитуваат на редот, рутината и дисциплината, па град како Берлин (кој што живее по овие принципи) би претставувал идеален избор за одмор од соништата. А како Девицата е воздушен знак, најмногу би ú одговарало да живее на куќа на дрво.А бидејќи тоа не е реално, ќе се задоволат и со стан на повисоките катови. 

Чувството на ред им е битно и во просторот за живеење. Не сакаат големи станови, затоа што попријатно се чувствуваат во друштво на една личност, отколку на повеќе (посебно ако нема потреба од такво нешто). А бидејќи имаат уметничка ’жица‘ во себе, па сакаат да си направат местенце во кое ќе можат креативно да се изразуваат.

Вага

Ова е романтичен знак кој тежнее кон мирно опкружување и чист спокој. Вагите се типични уметнички и романтични души, па и одморот сакаат да им биде во склад со таквите карактеристики. Места на кои би можеле да уживаат со својата мила личност, далеку од гужвите и метежот, претставува совршен вид на релаксација за овој знак. Не сакаат многу бучни и полни со метеж градови, па место како Венеција би било баш по мера. 

Начинот на сместување ја одразува нивната желба за мирен и повлечен живот. Затоа Вагите со сигурност попрво би одбрале живот на село, отколку во град. Го презираат живеењето во место во близина на градските области и сакаат големи и убаво уредени дневни соби, како и добро организиран гардеробер. 

Скорпија 

Овој ’див‘ и разуздан знак е секогаш расположен за егзотични дестинации. Тоа се должи на нивната голема страст, комбинирана со (обично) високиот интелект, која ги поттикнува секогаш да истражуваат нови култури. Не сакаат кратки одмори, во кои не би имале време во целост да се запознаат со местото каде што се наоѓаат. Нивен избор се егзотични дестинации, во кои би имале прилика да уживаат во непознати работи. 

horozhivot2

Дивите и силни Скорпии исто така сакаат и да живеат во ваков тип на градови. Па така град како Чикаго, или Лондон би бил вистинскиот избор за овој знак со многу енергија во себе. За разлика од претходните знакови, на овој му е важно да има пространо и убаво средено купатило. Го сакаат луксузот и животот во него, но не се зависни од истото, како што тоа е случај со Лавовите. Спалната соба на Скорпиите како најстраствен знак, им е многу важна. Од друга страна пак, се врзуваат за своите автомобили, па така гаражата се наметнува како нешто задолжително.

Стрелец

Ова е знакот кому патувањето му е дел од уникатниот генетички код, па така овој тип е секогаш расположен за авантура. Стрелецот не се задоволува со ситни и мали работи, туку тежи кон најнеобичните и најскапи аранжмани, кога станува збор за  програма за одмор. Одењето на Мачу Пичу на пример, би претставувало идеален одмор за еден Стрелец! Од друга страна пак, не постои град за кој би можело да се каже дека со сигурност би му одговарал на овој знак. Стрелците би уживале и кога секоја година би го менувале местото на живеење. Овој многу софистициран знак е склон кон живот во урбани, градски средини. Град кој накратко би можел да го задоволи нивниот апетит за возбуда е Рим, кој што е специфичен пример за спој на модерното и традиционалното.

Културните збиднувања и дружењето со пријателите се им многу важни, па така настојуваат да живеат во делови на градот кои се богати со друштвен живот. Обраќаат внимание на архитектурата во просторот во кој што живеат, така да секогаш со задоволство ќе се одлучат за живот во некоја стара градба или пак во онаа која е дел од некоја ексцентрична архитектура. Еден од ретките знакови на кој што патувањето до работното место не му смета, туку напротив, ужива во него! 

Јарец 

Овој знак е љубител на културата и широки пространства, па од таму во себе носат голема пасија кон враќањето во минатото и затоа патувањата честопати ги користат како и би научиле нешто ново од историја. Канкун би бил совршен избор за нивниот одмор. Јарците би уживале во град во кој има многу музеи, театри и други видови на културни збиднувања. 

Јарците не сакаат премногу големи градови, па така место од типот на Ливерпул би било идеално за нив. Припадниците на овој знак обожаваат пространство, па така најсреќни се кога имаат можност да живеат на село или фарма. Доколку пак живеат во стан или куќа, голема квадратура е неопходна! А бидејќи се ’земјани‘, сакаат да се во близина на земја. Голема трпезарија и кујна се задолжителни во животниот простор на Јарецот, ако се земе в предвид дека поминуваат доста време со семејството и пријателите.

Водолија

Претставниците на овој знак се склони кон минимализам и модерни работи, па така кога се во прашање и патувањата, Водолиите се сакаат специфични дестинации, на кои би можеле да запознаат многу нови лица. Град кој вистински му лежи на сензибилитетот на Водолијата е брз, модерен и предизвикувачки, како што е Хонг Конг. Одлично се снаоѓаат во мали станови, затоа што се склони кон минимализам.

horozhivot2

Исто така ја сакаат техниката, па затоа им е важно во својот дом да имаат добра микробранова, фрижидер и лаптоп, многу повеќе отколку класичен мебел. А бидејќи се кариеристи, обавезно е во својот животен простор да имаат и соба наменета стриктно за работа. Од друга страна пак воопшто не им е важно дали живеат во центарот на градот, или сосема на страна.

Риби

Овој мирен и сталожен знак е склон кон релаксирачки дестинации. Рибите се зависници од патувања кои ги прават мирни, сталожени и исполнети. Обожаваат дестинации на кои можат да го искусат целокупниот мир од еден одмор, на кои можат комплетно да ги наполнат батериите. 

Во склад со својот мирен карактер, Рибите сакаат помали градови, без многу гужва и бука. Па така како идеално место за нив би се јавил град од типот на Фиренца, кој што им ги нуди сите ствари кои нив ги прават среќни. Иако се воден знак, не им е од пресудно значење дали ќе живеат до вода. Сакаат да се во близина на трговски центри и супермаркети, но и паркови и терени за голф. Исто како и Скорпиите, и Рибите го сакаат својот автомобил, па местото за паркинг им е многу важно!

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button