Никој никогаш не рекол дека е лесно да сакаш Риба.
Овие работи задолжително мора да ги знаете пред да започнете врска со припадниците на хороскопскиот знак Риби.
Интуитивни се
Рибите секогаш го слушаат својот инстинкт и лесно може да почувствуваат кога нешто не е како што треба. Ако имате лош ден или синоќа сте заглавиле и не сакате да откриете за да не западнете во неволја, подобро ви е да не ги лажете – бидејќи на крајот секако знаат.
Запознајте ги најголеми злопамтила и ситничари во Зодијакот>>>
Бараат вистинска љубов
Рибите сакаат да се чувствуваат сакано и обожувано, иако тоа нема директно да ви го признаат. Врската со нив не подразбира само делење на креветот и домот, туку и длабоко духовно поврзување.
Посветени се
Од сите знаци, Рибите се најромантични и најгрижливи. Тие ја искажуваат својата наклонетост со прекрасни романтични и елегантни гестови, искажувајќи ја и својата креативност. Рибите дозволуваат срцето да ги води и да зборува наместо умот.
Страствени се
Нивната сексуалност е романтична и мистична. Една од работите која може да ги извади од ова расположение е грубоста, бидејќи никако не ја сакаат во комбинација со страста. Сексот со Рибата е интимен, но со голем потенцијал да ви го заврти умот.
Премини на следната страна >>