Погледнете ги Lady Gaga, Kim Kardashian, Rihanna, Beyonce и уште неколку други ваши омилени ѕвезди како изгледаат со и без мејкап.
Некои од нив навистина не личат на себеси, т.е. на она што го преставуваат додека се на сцената, додека пак, други блескаат и кога се 100 % природни.
Lady Gaga
Погледнете ја оваа фотографија на Lady која што самата ја твитуваше минатата недела. Навистина не би сакале да имаме никаква работа со оваа Lady во вакво издание!
Kim Kardashian
„Мејкап-от е мојот живот“ – изјави оваа девојка во едно нејзино интервју. И навистина, без мејкап таа изгледа некако безживотно!
Heidi Klum
Кога животот и работата ви се состои од тоа да, половина и повеќе од вашето време, го поминувате шминкајќи се, тогаш сосема е оправдано понекогаш да бидете и без мејкап.
Miley Cyrus
Како што знае да ја изненади публиката со своите настапи на концертите, Miley, исто така, знае да ги изненади и луѓето на улица кога ќе се појави токму онаква, каква што е!
Rihanna
Уште една пејачка која што сака да експериментира со стиловите, но кога не би го правела тоа, таа би изгледала сосема нормално, како и сите останати девојки..
Beyonce
Многу ретко може да се случи да ја видите Beyonce без лицето да и е целосно покриено со шминка, освен ако не се работи за вечера во Париз. Минатата година, се обидуваше да изгледа колку што може повеќе природно…
Brookly Decker
„Кога одам на некој настан, се престорувам во жена“ – изјави овој супермодел. во едно нејзино интервју, шегувајќи се на нејзина сметка.
Посетете ја МОДЕРНА, новата рубрика за мода, шопинг и убавина!
Врати се на првата страна.