Реклама
Стил

Тренд со кој можете и да заштедите – овие чизми се хит во Холивуд, а нашите девојки со години ги имаат во своите плакари!

Реклама

Трендовите кај нас доаѓаат малку покасно, затоа треба да бидеме внимателни со нив, особено кога станува збор за нешто за кое што треба да издвоиме поголема сума на пари.

Џенифер Лопез

Маркетинг

Тие минатата зима беа еден од водечките трендови, но оваа сезона и покрај големата популарност полека почнуваат да се наоѓаат и на листите на трендовите кои полека одат во заборав. Да, тие и покрај тоа што познатите дами се уште не сакаат да се откажат од нив (ова важи и за познатите девојки од Македонија!), полека но сигурно го напуштаат тронот и на нивното место доаѓаат некои нови модели кои ќе бидат вистински хит следната година.

Маркетинг

Елена Стефановска

Па доколку се уште не сте го пробале овој тренд, наш совет е пред да тргнете во шопинг, добро да погледнете во плакарите и да побарате меѓу вашите стари модели. Повеќе од сигурни сме дека мнооогу девојки од Македонија меѓу своите стари обувки имаат и по некој пар високи чизми кои со нетрпение чекаат повторно да ги носите.

Кајли Миног

И наместо да потрошите од 5000 денари па нагоре, колку што ви е потребно за еден ваков пар чизми (најдобрите модели можете да ги видите тука), парите подобро инвестирајте ги во обувки кои нема да завршат и да ја доживеат истата судбина како високите кожени чизми кои веќе ги имате во вашите плакари – стуткани и заборавени.

Лила Филиповска

Меган Мекана

Љупка Митрова

Гвен Стефани

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button