Познатата манекенка во врска со музичарот по кој тинејџерките од целиот свет сечеа вени пред десетина години
Хајди Клум неодамна ја прекина својата тригодишна врска со Вито Шнабел. И додека многумина мислеа дека ќе направи пауза од љубовниот живот познатата манекенка е видена во друштво на 16 години помладиот музичар Том Каулиц кој се прослави со германскиот бенд „Tokio Hotel“.
Хајди и Том беа забележани како излегуваат од еден познат лондонски ресторан каде познатата манекенка уживаше во вечерата со 28 годишниот музичар.
Тој на врвот на славата беше во 2000 година, а потоа како да исчезна од сцената, се до сега, кога повторно е во центарот на вниманието поради Хајди. Се шушка дека 44 годишната манекенка токму него ќе го покани како дел од жирито во шоуто „Germany’s next Topmodel 2018“.
https://www.instagram.com/p/BgHUPLcgE5P/?taken-by=heidiklum
Инаку, познато е дека Хајди не сака да биде сама и дека често и се случува од една врска да премине во друга. Таа зад себе го има пропаднатиот брак со британскиот музичар Сил со кого има три деца, а пред него беше во врска со Италијанецот Флавијо Бриатор со кого има 13 годишна ќерка. Потоа три години беше во врска со Вито Шнабел, а по се изгледа и него го преболи многу брзо и заплови во љубовните води заедно со музичарот со германски корени.