Реклама
Нега и здравје

Како Кејт Хадсон ослабе цели 27 килограми?

Реклама

Познатата актерка Кејт Хадсон ослабе дури 27 килограми по раѓањето на нејзиното второ дете.

Маркетинг

Таа се подвргнала на ригорозен режим со напорни тренинзи и вежби дури и по шест часа на ден, се додека успешно не ги симнала килограмите и не ја вратила линијата што ја имала пред бременоста. И покрај тоа што не сака строги диети, за време на слабеењето Кејт пиела многу вода со лимон и јадела помалку оброци.

Како ослабела 27 килограми?

Маркетинг

Сите оние што ја следат серијата Glee, каде Кејт Хадсон ја глуми учителката по танцување, може да ја видат 34-годишната актерка во нејзиното препознатливо неодоливо издание со кое таа се прослави во филмот „Чекор до слава“. Но, по раѓањето на нејзиниот втор син во 2011 година таа имаше 85 килограми, кои беа поприлично воочливи бидејќи таа има само 168 сантиметри. Сите се прашуваа дали е тоа истата Кејт  за која во минатото некои магазини пишуваа дека е толку слаба што претпоставуваа дека боледува од анорексија.

Но, по кратко време обожавателите се уверија во нејзината способност за трансформации. На филмскиот фестивал во Венеција во 2012 година таа се појави згодна, со обликувани мускули и привлечна како во најубавите денови. Успеала да изгуби дури 27 килограми, а за да ја постигне таа цел се зафатила со макотрпни тренинзи. „Вежбав интезивно по шест часови на ден. Прво вежбав кардио вежби од 45 до 55 минути, а потоа еден час пилатес или јога. И така, по три пати на ден“, изјави прекрасната Кејт за магазинот Старс.

Обожава пилатес

Откако се ослободила од вишокот килограми, таа го намалила интезитетот на вежбите, но и понатаму продолжила да вежба. Покрај тоа што постојано е во брканица со малиот син, таа наоѓа време и за џогинг, велосипедизам и пилатес. Има личен тренер, често оди во теретана со нејзиното момче, а по вежбањето троши калории возејќи велосипед. Понекогаш оди на реката и се занимава со кајакарење.
Според неа, вежбањето е многу поприфатлив начин за слабеење од воздржувањето од омилената храна. „Не сакам да сум на диета. Во моето семејство диетите не се популарни. Мајка ми секогаш правеше пилешко со кнедли. А сакам и колачиња со шлаг и мармалад. Не можам да им одолеам“.

И покрај тоа што не држи строги диети, таа постојано внимава на исхраната. Нејзиниот нутриционист и препорачува во текот на целиот ден да пие вода со лимон, поради хидратација и детоксикација. Исто така и препорачува да јаде повеќе мали оброци кои се правилно распоредени во текот на денот. Станува збор за протеински напитоци кои содржат една третина банана, пола шолја замрзнат спанаќ, една лажичка путер и една лажичка цимет. За главно јадење, нутриционистот вели дека нема подобро од белковини како што се пилешкото и рибата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button