„ Љубителите на невообичаеното и естетиката на грдото секако ќе знаат да ја ценат и во секој случај се воодушеват на прекрасните илустрации на Beau White.“
Опсегот на неговата инспирација оди песочни автопортрети, до гротескни индивидуалци, со фетиш на обезглавени крави или со деформирана лична анатомија. Како и да е, Beau White знае да ги погоди вистинските ноти, или што би рекле англичаните, knows how to push the right buttons, за да го постигне саканиот ефект кај гледачите и да ја разгори вистинската емоција.
Уметникот воглавно се фокусира на теми од апсурдното и вознемирувачкото, што е евидентно уште на прв поглед на неговата работа. Неговата употреба на бои, засенчување и поприлично реалистичните илустрации, ги прават сликите на моменти и застрашувачки (иако тоа сепак зависи и од индивидуалниот пристап на посматрачот и неговиот ментален склоп се разбира). Но како и да е, дури навистина овие слики да ви делуваат вознемирувачки, би било поприлично тешко да погледнете на страна кога истите ви се наоѓаат пред очи, без да не се воодушевите на неговиот талент и креативен ум.
Beau White е секако уште еден од младите и се уште неафирмирани уметници на визуелна експресија, кои ние редовно ви ги претставуваме, а за кои мислиме дека вреди да се погледне и за кој најверојатно набргу ќе се слушне и на поголема врата во светот на уметноста. Затоа разгледајте ја оваа галерија со негови дела која ние ја припремивме за вас.
Видете нешто друго од Арте