Реклама
Коса

Грижа за косата

Реклама

„Трудете се постојано да ја одржувате својата коса во најдобра форма!“

Ако косата не е соодветно негувана таа станува сува и го губи сјајот. Изложувањето на сонце, хемиските третмани на косата – мини-вал, избелување, фарбање, сушењето со фен, прекумерната употреба на пегли и фигара, централното греење – сето тоа ја суши косата и ѝ ја одзема природната влажност. Ако редовно не ја кратиме косата, влакната се кинат и косата цвета. Урамнотежената исхрана, свежиот воздух, движењето и добрата општа здравствена состојба поволно делуваат на растот на косата. Исто така, важен е и добриот сон бидејќи во текот на спиењето циркулацијата се подобрува а со тоа и исхраната на коренот на косата.

Маркетинг

Нега на косата според типови на коса:

Мрсна коса

Доколку лојните жлезди во кожата на главата прекумерно лачат себум, масна супстанца што го обвиткува влакното, косата станува мрсна. Влакната губат сјај и делуваат безживотно. Мртвите клетки од кожата и прашината од воздухот лесно се лепат на маснотијата и затоа имаме потреба ваквата коса почесто да ја миеме. Како и да е, најдобро е да не ја миете косата секојдневно бидејќи честото миење може да предизвика уште поголемо лачење на себум. Користете шампон и регенератор специјално наменети за мрсна коса. Овие производи се направени да помогнат да се отстрани нечистотијата и маснотијата но се доволно благи и нежни за да не ја поттикнуваат работата на лојните жлезди. Внимателно ја мијте косата и избегнувајте грубо триење бидејќи тоа исто така ќе поттикне излачување на себум. Најдобро е регенераторот да го користите само на врвовите и да ги избегнувате корените, или доколку го ставате на целата коса, употребете многу мала количина. При миењето, косата на крајот можете да ја исплакнете со вода во која сте додале малку јаболков оцет или лимонов сок за да се поврати природната киселост и косата да добие сјај. Избегнувајте комбинирани производи – 2 во 1 шампон и регенератор, третмани со масла и силиконски капки. Обидете се да избегнувате допирање и играње со вашата коса, често чешлање итн. бидејќи сето тоа придонесува таа побрзо да се мрси.

Маркетинг

Сува коса

Косата е сува кога лојните жлезди не лачат доволно себум кој ги подмачкува влакната. Косата станува крута, кршлива, нееластична и цвета на краевите. Состојбата уште повеќе се влошува со прекумерно изложување на сонце, употреба на хемикалии или често миење на косата. Во основа, на сувата коса и недостасува влага. Користењето на производи за кондиционирање на косата е наједноставниот начин да се третира сувата коса. Косата е најчесто најсува на врвовите така што треба на нив да се концентрирате. Доколку не користите регенератор кој не се мие, оставете го регенераторот да делува на косата најмалку пет минути пред да го измиете. Косата не треба да се мие секој ден туку два до три пати неделно со силни производи за кондиционирање. Барајте производи кои содржат алое вера, витамин Е и пантенол. Сушењето со фен дополнително ја суши сувата коса и затоа треба да бидете многу внимателни – да не биде премногу топол и да не го држите премногу блиску до главата. Постојано движете го фенот за да не изложувате делови од косата на прекумерно сушење и усмерете го во правецот на растот на косата за таа да се израмни и скроти.

Нормална коса

Нормалната коса е сјајна и здрава како резултат на добрата здравствена состојба и правилната нега на косата. Во негата на нормалната коса треба да се внимава да не се наруши нејзината природната рамнотежа и затоа треба да се користат благи, pH  неутрални или pH кисели шампони. Косата не треба да се мие премногу често туку само кога има потреба. Одговараат шампоните наменети за сите типови на коса кои содржат корисни додатоци како витамини и аминокиселини, екстракти од чаеви, разни полезни растенија, тинктура од кана итн.

Академијата Avangarde е главниот „виновник“ за овие совети кои ќе се објавуваат секој понеделник во рубриката Стил, убавина и здравје (Модерна) на нашиот портал. Доколку сте заинтересирани да бидете дел од луѓето кои се „од спротивната страна на фризерското столче“, тогаш слободно пријавете се во Avangarde каде ќе ве обучуваат специјални едукатори кои се во постојан тек со светските модни трендови. 

Еднаш месечно, фризерското студио на оваа престижна академија ќе додели на една наша читателка ПОТСТРИЖУВАЊЕ И ФАРБАЊЕ СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА, боја која ја храни косата и и дава поголем сјај. Настанот ќе биде пропратен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал.

Сите заинтересирани читателки кои што ќе испратат своја слика на адреса info@stipka.com.mk со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. Единствениот услов е тие да бидат фанови на нашата страна на Facebook и редовно да ги објавуваат овие текстови на својот FB профил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button