Реклама
Коса

Грешки во нега на косата

Реклама

„Вашата коса ќе стане сува, безживотна и оштетена доколку не внимавате во нејзината секојдневна нега.“

И да ги користите најдобрите и најквалитетни производи за коса и да ги посетувате најдобрите фризери ако често повторувате одредени грешки во негувањето на косата вашата коса едноставно нема да биде убава. Проблемот лежи во начинот на кој сами ја третираме својата коса секојдневно, а не во фризерите и препаратите за коса. Разгледајте ги најчестите основни грешки што ги правиме во негувањето на косата и обидете се да ги исправите. Вашата коса набргу видливо ќе се подобри.

Секојдневно миење на косата

Маркетинг

Една честа грешка е пречестото миење на косата, посебно доколку природно брзо се мрси. Со честото миење се измива и себумот, супстанција која ја штити косата и ѝ дава сјај. Косата станува сува и кревка. Доколку имате мрсна коса обидете се да не ја миете премногу често и секако користете благи шампони. При миењето на косата немојте премногу јако да ја масирате бидејќи така ги стимулирате лојните жлезди да лачат уште повеќе себум.

Грубо триење на косата со крпа

Маркетинг

По миењето немојте грубо да ја триете косата со крпа за да ја исушите затоа што мократа коса е многу осетлива и така можете да ја оштетите. Најмалиот проблем што мошете да го предизвикате е да добиете ефект на разлетана коса која никако нема да можете да ја смирите и обликувате.

Чешлање на мокра коса

Додека косата е мокра таа многу лесно пука и затоа не треба да се чешла мокра, посебно не со несоодветен чешел. Најдобро е да почеката косата да се исуши па да ја исчешлате со чешелот што вообичаено го користите. Доколку сепак изберете да ја исчешлате додека е сеуште мокра користете чешел со широки запци.

Сушење на косата со фен

Косата станува кршлива и го губи сјајот доколку се изложува на високи температури. Ако не можете да го избегнете фенот држете го на оддалеченост од косата од најмалку 30 цм и пробајте да ја скратите неговата употреба – исушете ја делумно косата со фен и потоа оставете ја да се досуши природно. Исто така и пречестата употреба на пеглите за коса е опасна. Ако не можете да се откажете од фенот или пеглата заштитете ја косата со соодветни препарати за нега и облукивање.

Нередовно сечење на врвовите

Врвовите на косата се многу поосетливи од коренот и според тоа се подложни на оштетување, пукање и цветање. За цветањето или пукањето да не се прошири од врвовите на целото влакно и за вашата коса да изгледа убаво и негувано многу е важно редовно да ги кратите врвовите на секои два месеци.

Користење на несоодветни препарати за коса

Погрижете се правилно да го одредите типот на вашата коса и да користите соодветни производи и вашата коса ќе изгледа како само што да сте излегле од фризерски салон. Доколку не сте сигурни што да користите, прашајте го вашиот фризер за совет. Ова е многу битно бидејќи многу луѓе користат погрешни производи за нега или обликување на косата поради тоа што погрешно ги толкуваат нејзините својства или едноставно не водат сметка што купуваат.

Нега на косата со (погрешни) домашни пакувања

Посоветувајте се со вашиот фризер пред да испробате некое од безбројните пакувања за коса што можете да ги направите дома. Иако тие се полезни, содржат природни состојки и генерално се лесни за подготвување и употреба сепак мораме да бидеме внимателни да ги избегнеме можните грешки. Една од најчестите грешки е користењето на маслиново масло за заштита на косата во летните месеци. Маслиновото масло врие на 80 степени Целзиусови, а летно време температурата на косата достигнува околу 40-45 степени што значи дека маслото е прилично загреано и наместо да ја заштити косата уште повеќе ќе ја исуши.

Академијата Avangarde е главниот „виновник“ за овие совети кои ќе се објавуваат секој понеделник во рубриката Стил, убавина и здравје (Модерна) на нашиот портал. Доколку сте заинтересирани да бидете дел од луѓето кои се „од спротивната страна на фризерското столче“, тогаш слободно пријавете се во Avangarde каде ќе ве обучуваат специјални едукатори кои се во постојан тек со светските модни трендови.

Еднаш месечно, фризерското студио на оваа престижна академија ќе додели на една наша читателка ПОТСТРИЖУВАЊЕ И ФАРБАЊЕ СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА, боја која ја храни косата и и дава поголем сјај. Настанот ќе биде пропратен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал.

Сите заинтересирани читателки кои што ќе испратат своја слика на адреса info@stipka.com.mk со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. Единствениот услов е тие да бидат фанови на нашата страна на Facebook и редовно да ги објавуваат овие текстови на својот FB профил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button