Што мислите, дали може модата на денешното време да биде револуционерна и толку авангардна што во исто време би ги поместувала веќе поставените граници?
Превенција и лечење од рак на природен начин според отец Тадеј >>
И тоа да не се однесува само за иновациите во кроевите или стилски израз? Па секако дека може, а доказ за тоа е и новиот изум на иновативниот мексикански тинејџер Џулија Риос Сантуа кој заедно со својот тим осмисли прототип на градник кој може да детектира ќелии на рак на дојката и тоа во многу ран стадиум на болеста. Градникот се вика ЕВА и има 200 биосензори кои ја забележуваат температурата, обликот и тежината на градите. Овој генијален изум кој би можел да им го промени животот на милини жени од целиот свет на младиот Мексиканец му ја донесе наградата Global Student Entrepreneur Awards во Франкфурт и буџет од 20 илјади долари за развој на неговиот изум. Револуционерниот градник настанал како одговор на борбата на неговата мајка со оваа болест, од која, според некои статистики, боледува 1 од 8 жени со што самата болест се класира како една од најчестите женски болести на денешницата.
Што се случува кога ќе измешате цвекло, морков и јаболко – напиток кој ги уништува овие болести!
„Градникот треба да го носите најмалку еден час неделно, а функционира по принципот на мерење на зголемена температура која настанува на местото каде почнал да се развива туморот кој поради поголемиот проток на крвта ја зголемува температурата на зафатеното ткиво“, објаснува младиот генијалец во неговото интервју за El Universal.
Ова е најсилниот домашен антибиотик и одлично средство за превенција од рак!