Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва: Господе, чувај ги моите деца од злобниот свет

Реклама

Децата, нашето најголемо богатство, ја заслужуваат сета среќа на овој свет, цела љубов и цело внимание. Но, понекогаш сме немоќни да чекориме со нив, зашто тие пребргу израснуваат и бегаат од нашите прегратки, но затоа, утеха да најдеме во молитвите и да се помолиме за нивно добро.

ФОТО: foundingroots.com

Господе, сочувај ги моите деца од секаква лага и дај им да пораснат во добри луѓе. Дај им верно, послушно и смирено срце, мудрост и разум, та да растат во годините и во благодатта пред Бога и пред луѓето. Дај им љубов во нивните срца и секогаш да постапуваат правилно, да бидат чесни и пријатни кон сите луѓе во овој свет.

Знам дека светот е полн со злоба, затоа, сочувај ги моите најмили и не дозволувај да западнат во лошо друштво. Не дозволувај да паднат во нечистотија и нецеломудрие, сами да не си го оштетуваат животот и да не ожалостуваат никого. Дај им утеха, биди им заштита и дозволи ни нам како родители да се радуваме на нив.

Маркетинг

Дозволи да се најдат чедата наши на небесата околу Твојата трпеза како небесни маслинови гранчиња и со сите избрани да ти оддаваат чест, пофалба и прославување, преку нашиот Господ Исус Христос.

Амин!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button