Пипа Мидлтон се појави речиси гола – реакциите не стивнуваат!
Пипа предизвика бурни реакции со оваа комбинација
Пипа Мидлтон на свеченото отворање на Вимблдон се појави во фустан во каков ја немаме видено досега. Имено, таа носеше креација со отписот на брендот Self-Portrait во валкана розова нијанса кој е со должина до под колената, но од колковите надолу е потполно проѕирен.
Британската јавност веднаш почна да го коментира нејзиниот стил како непримерен, и покрај тоа што фустанот под тантелата има кратко здолниште во боја на кожа. Но повеќето имаа впечаток дека Пипа се појавила сосема разголена на настанот, па негативните коментари на нејзина адреса доаѓаа од сите страни. И додека нејзината сестра ги воодушеви сите со изборот на фустанот и новата фризура (види тука) некои стилот на Пипа го коментираа како неуспешен обид да се наметне и да биде во центарот на вниманието, па дури и да ја надмине Кејт, и дека притоа воопшто не избира средства и начин како да го направи тоа.
Кралицата ќе се шокира! Кејт Мидлтон повторно покажа повеќе од дозволеното!
Но, што се однесува до нас (Self-Portrait е еден од нашите омилени бендови) Пипа во овој фустан изгледа прекрасно!
Што мислите вие?
Потполна промена! Војвотката од Кембриџ ги воодушеви сите со нејзината нова фризура >>