Големи шанси за вработување – Холандија бара квалификувани работници
Барате работа или не сте задоволни од вашето работно место?
Тогаш ќе ве интересира оваа информација …
Холандските власти соопштија дека за детален економски раст во земјата се потребни нови работници во секторите како што се ИТ, градежништво и здравство, пренесува Anadolu Agency (AA). Државната агенција за вработување (UWV) соопшти дека недостатокот од квалификувани работници во овие сектори претставува сериозна закана за економскиот раст на оваа европска земја. Во соопштувањето се наведува дека Холандија за време на рецесијата посебно биле погодени секторот градежништво и здравството, кои, како што се наведува, во моментот забележува голем раст.
Бројот на вработени во овие сектори двојно се зголемил во последните две години, а според агенцијата за вработување потребни се столари, ѕидари и техничари бидејќи, како што пишува, многу стари работници чекаат да заминат во пензија. Во секторот здравство пак најпотребни се висококвалификувани медицински сестри.
Кликни тука и објави оглас за вработување >>
Во соопштението се додава и дека бројот на работни места се зголемил во сите сектори освен во секторите финансиски услуги и државниот сектор.