Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп: Овните ќе имаат одлични заработки, а Близнаците ќе имаат изразени емоции

Реклама

mesecen
Вага

Работа:

 Во јануари ќе имате многу можности за успех на полето поврзано со градежништво, архитектура, ентериер, производство на мебел и трговија со недвижнини. Ќе имате можност да ги проширите своите вештини и способности. Што се однесува до финансиите, ве очекува успешен месец. Со вашите вешти акции ќе успеете да остварит значајни добивки. Разумно управувајте со нив.

Маркетинг

Здравје:

 Потребно е секојдневно да излегувате на свеж и чист воздух. Одржувајте ја кондицијата со шетање. Лесните физички вежби исто така ви се неопходни.

Маркетинг

Љубов:

 На полето на љубовта овој месец ќе ви биде динамичен. Пријатно ќе бидете изненадени од саканата личност. Партнерот ќе ви изгледа особено привлечен и ќе уживате во заедничките магични моменти. Ако сте слободни, тогаш можно е да запознаете посебна личност која подолг период престојува во странство.

Шкорпија

Работа:

 Во текто на јануари ќе имате можности да ги искористите свои таленти и да ги подобрите работните способности. Така ќе се истакнете од другите и ќе успеете да ги остварите целите во предвидениот рок. Ќе бидете добро организирани и ќе успеете да ги придобиете надредените. Новите договори може да ви донесат поголема заработка од вообичаено.

Здравје:

 Овој месец ќе имате стабилно здравје. Ќе бидете исполнети со сила и вашиот имунитет ќе биде над просекот. Јадете повеќе овошје и пијте повеќе течности.

Љубов:

 Ќе бидете романтични и внимателни кон саканата личност. Нема да се сложувате околу некои нови предлози, но сепак ќе останете смирени. Доколку сте слободни, ќе почнете да фантазирате за некоја личност, но бидете трпелви,

mes2

Стрелец

Работа:

 На почетокот на јануари ќе планирате некои работи кои ќе ги започнете дури наредниот месец. Сите обврски ќе ви одат од рака, но од вас се бара да бидете многу концентрирани. Во третата декада на јануари може да се насочите кон некои долгорочни цели. Невработените Стрелци ќе се снаоѓаат со помош на некои нивни познаници.

Здравје:

 Здравјето ќе ви биде добро, но ќе бидете чувствителни на студенилото и на промената на времето. Може да имате проблеми и со крвниот притисок, умор и поспаност.

Љубов:

 Вие и вашиот партнер ќе разговарате за некои важни теми кои ќе имаат за цел да ја подобрат вашата врска и заендичкиот живот. Еден со друг ќе се доверувате повеќе од кога и да е. Ќе бидете романтични и заинтересирани да отпатувате некаде заедно. Доколку сте слободни, овој месец нема да бидете расположение за некои површни познанства, туку ќе сакате нешто подлабоко и посериозно.

Најлошите љубовни парови во хороскопот>>>

Јарец

Работа:

 Овој месец ќе имате чувство како добро да ги извршувате вашите обврски. Ќе ја проширите вашата работа и ќе мора да бидете особено одговорни околу тоа. Вашата мотивација ќе биде зголемена. Ќе имате сигурна заработка благодарение на вашите нови идеи. Невработените Јарци ќе се истакант себеси и своите способности, при што полесно ќе може да го добијат посакуваното работно место.

Здравје:

 Во првата половина на јануари ќе имате чувствително здравје. Потребно е да престојувате во топли простории и да не излегувате на студенило. Зглобовите и коските ќе ви бидат чувствителни. Избегнувајте повеќе напори затоа што може да имате болки во грбот.а

Љубов:

 Ќе имате нови идеи како подобро да го поминувате времето со вашиот партнер. Повеќето од тие идеи ќе ви бидат прифатени. Најмногу ќе се дружите со заеднички пријатели, ќе одите во кино, театар или на некој концерт или изложба. Ќе имате доволно време за да си ги исполните желбите. Доколку сте слободни, нема да бидете заинтересирани за сериозни врски, туку најважна ќе ви биде празничната забава. Ќе бидете исполнети со добри емоции и ќе изгледате многу привлечно.

mes3

Водолија

Работа:

 Во текот на јануари ќе имате зголемена мотивација и ќе бидете натпреварувачки настроени. Ќе започнете одредени преговори во врска со важни проекти. Ќе успеете да се прилагодите на сите предизвици и ќе бидете во можност да ја зголемете заработката преку мудро смислените финансиски потези.

Здравје:

 Здравјето ќе ви биде чувствително, па затоа ви советуваме добро да се облекувате и да не престојувате во студени простории. Ќе бидете повеќе подложни на вируси, а можни се и болки во зглобовите и коските, особено на нозете.

Љубов:

 На почетокот на јануари ќе пробате нешто ново и невообичаено со вашиот партнер. Ќе се посветите на заеднички цели и ќе имате можности за викенд-патувања. Доколку сте слободни, една личност, која е зафатена, ќе ви се доближи и ќе остави посебен впечаток на вас.

Ни случајно НЕ смеете да ги повредите – oва се најодмаздољубивите хороскопски знаци>>>

Риби

Работа:

 Јануари ќе биде погоден месец за остварување подобра соработка, особено со одредени државни институции. Втората половина на јануари ви носи успех и напредок преку тимска работа и соработка. Ќе бидете во можност да ја зголемите својата заработка, но само ако добро размислувате за секој ваш потег. Оние кои се невработени ќе успеат да добијат работа на одредено време. Ако се покажете добро, тоа би можело да ви биде постојана работа.

Здравје:

 Овој месец грлото ќе ви биде чувствително, при што би можело да дојде до негово воспалувања и до настинка. Во втората половина ќе го подобрите имунитетот, но сепак треба повеќе да одморате.

Љубов:

 Ќе бидете расположени заеднички да планирате и да се договарате со вашиот партнер. Овој месец е погоден за комуникација, како и за сериозни разговори. Доколку сте слободни, во јануари е можно да запознаете личност на некое патување и тоа ќе ви биде една убава и незаборавна авантруа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button