Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп: Овните ќе имаат одлични заработки, а Близнаците ќе имаат изразени емоции

Реклама

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ЈАНУАРИ 2018).

 1 mesechen

Овен

Маркетинг

Работа:

Јануари ќе биде важен месец за вас кога станува збор за полето на работата. Ќе имате можност за остварување на разни добивки, по разни основи. Ќе имате корист од патувањата, но и и од работите поврзани со странство. Креативната работа ќе ви донесе најголема добивка. Невработените Овни може да се вработат во сектор за финансии, банкарство и осигурување.

Маркетинг

Здравје:

Почетокот на јануари ќе ви донесе променливо и нестаиблно здравје. Метаболизмот и циркулацијата ќе ви бидат забавени. Избегнувајте ветер и студенило.

Љубов:

Вие и вашиот партнер ќе имате предлози за нови заеднички цели и за тоа ќе водите сериозни разговори. Истовремено ќе работите на остварување на актуелните цели, но и ќе си поставите нешто што сакате да го постигнете заедно. Ако сте слободни, можно е да запознаете личност која ќе ве воодушеви и ќе биде дел од вашата иднина. После 20-ти јануари очекувајте важни љубовни состаноци.

Бик

Работа:

Во јануари можете да остварувате голем успех ако се занимавате со работи во областа на туризмот, сообраќајот, транспортот. Ќе бидете во можност да го надоградите своето стручно образование и да стекнете нови вештини. Тоа ќе ви помогне подобро да се организирате и подобро да раководите со своите активности. Во втората половина на јануари веќе ќе можете да се потпрете и на својата интуиција.

Здравје:

Во повеќето денови од јануари вашто здравје ќе биде стабилно и вие ќе бидете отпорни на болести. Но, добро би било да отидете на краток одмор или на излет во планина. Намалете ја консмацијата на кафе и брза храна.

Љубов:

На почетокот на јануари ве очекува многу забава и дружење. Вие и вашиот партнер ќе бидете во можност заедно да патувате и да имате повеќе време еден за друг. Доколку сте слободни, ќе запознаете некоја привлечна личност, но брзо ќе откриете дека освен што си одговарате во кревет, немате многу други заеднички работи.

Kармата и хороскопските знаци >>>

mesecen2

Близнаци

Работа:

Овој месец ќе имате повеќе работни понуди и максимално ќе се трудите да ја искористите ваша креативност. Ќе започнете некој проект кој е поврзан со услуги или области од безбедноста или здравството. Напредокот на ова поле ќе ви се задржи во текот на целиот месец. Најмногу можете да заработите од реализација на вашите креативни и идеи. Овој месец ќе успеете разумно да управувате со вашите финансии.

Здравје:

 Овој месец често ќе бидете во движење и тоа поволно ќе влијае на вашиот имунитет. Добро би било да се занимавате со физички вежби, а најдобро би било да се посветите на шетање. Зголемете го внесувањето на Ц витамин.

Љубов:

 Јануари ќе ви биде погоден месец за комуникација со вашиот партнер. Ќе ви годат интимните моменти поминати со вашиот партнер и еден на друг ќе си пружите повеќе емоции отколку вообичаено. Доколку сте слободни, овој месец ќе запознаете личност која многу ќе ви се допаѓа, но и вие ќе ја привлекувате неа. Вашите очекувања нема да бидат далеку од реалноста. Условите за сериозна врска се реални.

mesecen3

Рак

Работа:

 Во првата половина на јануари вие ќе имате можности за започнување нови креативни проекти. Ако се занимавате со угостителство, би можеле да отворите нов локал или да ја проширите вашата услуга. На полето на финансиите ќе стоите доста добро, што ќе ви помогне да останете оптимисти во текот на целиот месец.

Здравје:

 Во текот на месец јануари ќе бидете добри со вашето здравје и исполнети со позитивна енергија. На самиот почеток на месецот може да бидете малку чувствителни, па затоа облекувајте се добро и пијте топли пијалаци.

Љубов:

 Овој месец ќе бидете во можност да ја подобрите вашата врска и да поставите темели за нешто ново. Ќе имате повеќе можности за забава и смеење. Ќе најдете нови интереси и заедно ќе поминувате повеќе време. Оние кои се слободни ќе имаат можности за нови авантури. Една личност одамна ве набљудува.

Лав

Работа:

Овој месец ќе имате поволни услови за започнување нови работи. Бидете одговорни и сработете ги работите во предвидениот рок. Во односите со колегите и партнерите, покажувајте љубезност. Избегнувајте непотребни трошења на пари. Оние кои се невработени ќе имаат зголемени шанси за да добијат постојана работа.

Здравје:

Во текот најануари најмногу внимание обрнете на вашето здравје. Потрудете се да водите здрав живот, вежбајте, практикувајте јога и бидете повеќе физички активни. Месо јадете умерено, повеќе внесувајте витамин Б.

Љубов:

 На самиот почеток на јануари ќе внесете повеќе динамика и возбудување во секојдневието со вашиот партнер. Во втората половина на месецот повеќе ќе комуницирате со вашиот партнер, па ќе бидете подготвени за отворено зборување за заедничките потреби и желби во вашата врска. Доколку сте слободни, ќе имате само површни познанства овој месец.

Како е да се биде во љубовната врска со припадниците на знакот Рак>>>

 

mesecen2

Девица

Работа:

 Овој месец најмногу ќе бидете посветени на тимската работа. Можна е работа поврзана со науката и просветата. Во третата декада од јануари можно е потпишување на нови договори кои изненадно ќе ви донесат добивки, но и слава.

Здравје:

 Овој месец ќе имате добро здравје, но треба повеќе да се заштитите од студеното време. Доколку доволно добро не внимавате на себе, можни се мали и несериозни настанки.

Љубов:

 На полето на љубовта ве очекува динамичен месец, полн со различни случувања. На самиот почеток ќе имате убави заеднички моменти со саканата личност, ќе се забавувате и ќе излегувате. Можно е и кратко заедничко патување. На слободните припадници на овој знак им се отвораат нови можности за влегување во нова врска.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button