Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за декември, 2015

Реклама

Прашање: Кое милениче најмногу му одговара на хороскопскиот знак Бик?
Одговор: Желка. Бавно се движи, не ù треба многу внимание и нема да се натпреварува за храна со нејзиниот сопственик.

dekemvri2 

Маркетинг

Овен (21 март – 20 април)

12oktoven

Маркетинг

Во декември вашите професионални обврски и планови се доста нестабилни во однос на нивно спроведување. Можно е да зависите од луѓе чии ветувања се неверодостојни или ќе имате проблем со луѓе кои се раководат, пред сè, од лични интереси.

Бидете внимателни ако сте трговец или ако работите со производство на стоки и други материјални добра.

Било какви проблеми да се јават во текот на овој празничен месец, ќе ги доживеете премногу емоционално и длабоко, што може да се одрази врз вашето здравје до некој степен. Избегнувајте конфликти и ментален стрес; животот ќе продолжи и после овој декември.

Неочекувана радост, помош и поддршка ќе дојде од личност во знакот на Овен, Лав или Стрелец.
Не заборавете дека во тешките времиња ги чувствуваме ефектите на судбината.

Ќе бидете вклучени во важни настани поврзани со љубовни прашања во животот на момче или млад човек.
Можен е настан поврзан со веридба или свадба на машки роднина.

Девојките и младите жени треба да бидат внимателни со своите финансиски трошоци и општите очекувања во врска со приходите овој месец. Бидете паметни за тоа; не вознемирувајте се како резултат на ваша вина.

Необичен собир ќе се одржи, нешто различно од вообичаените Божиќни и новогодишни собирања.

Овој месец ќе имате важни и судбоносни состаноци и собирања кои ќе го одбележат вашиот живот во 2016 година.
Повеќе трошење пари ќе биде потребно за девојка или млада жена на која ù треба финансиска поддршка.

 

Бик (21 април – 20 мај)

12oktbik

Во текот на овој месец, може да ставите крај на грижите или проблемите во врска со здравјето или некои лични проблеми.

Очигледна деликатна ситуација или недоразбирање во врска со личност во знакот на Водолија, Вага и Близнаци.

Успех во нешто за што сте имале голема загриженост, очекувања во последниве месеци.

Разделба или непријатен настан поврзан со млада жена за која имате претходни информации.

За жените до 35-годишна возраст, разочарување поврзано со ветување или надеж што, барем овој месец, нема да се реализира.

Свадба поврзана со момче/човек кој е ваш роднина, пријател, колега или сосед. Ќе добиете покана, а остатокот ќе биде ваша лична одлука.

Купување нешто за домот за младите мажи-Бик, како апарати за домаќинство, опрема, нов мебел и друго. 

Ќе се чувствувате збунети, заблудени, заведени од страна на дејствија или зборови на личност во знакот на Рак, Шкорпија или Риби, коишто ќе ве испровоцираат да се состанете и да разговарате со тоа лице.

Собирање или посета предизвикани од проблематична или несакана прилика.

Ако имате дете родено во знакот на Бик, Девица или Јарец обидете се одгатнете што, всушност, се случува во неговиот живот и што се крие зад неговото чудно однесување или чудно расположение во последно време.

Неочекуван стрес, паника во врска со настан или инцидент во животот на пријатели.

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

12oktbliznaci

Во декември ќе има собирање или разделба од дете/внуче поради божиќните и новогодишните празници или поради некоја друга причина.

Ќе има важен настан за дете/младо лице родено во знакот на Близнаци, Водолија или Вага којшто ќе се случи далеку од вас.
Ќе имате проблеми со девојка или млада жена поврзани со контроверзи, расправии и недоразбирања. Всушност, оваа ситуација нема да ве изненади, тоа ќе биде нешто што сте го очекувале или некако сте си го претскажале.

Декември може да биде мошне вознемирувачко време за вас. Ја оставате зад себе не само на целата година, туку и некои други грижи, проблеми, притисоци што ги носите во текот на годината.

Пред вас во текот на следните неколку недели и на почетокот на 2016 година ќе има повеќе свежи и повеќе позитивни вести или појава на нови можности.
Среќата ви го отвора патот кон успех којшто, најверојатно, ќе го спроведете во 2016 година.

Избегнувајте конфликти за пари. Нема да победите. И ако изгубите нешто, нема да го вратите. За сè што се случува постои причина и затоа мора да го задржите вашиот филозофски поглед на животот.

Може да се случи да добиете/примите пари, подароци или други важни предмети од лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец, некој кој живее далеку од вас.

Ќе добиете вести од далеку коишто веројатно ќе ве загрижат или ќе ве исплашат, особено ако се поврзани на некој начин со патување што ви престои токму во таа насока.

Ќе имате неочекувана средба, собирање, посета од пријатели…

 

Рак (21 јуни – 20 јули)

12oktrak

Декември ќе биде време кога ќе го добиете многу потребното појаснување во врска со една афера со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец.

Постои можност за ново познанство, кое ќе предизвика преиспитување на една стара, веќе скршена љубовна врска.

Ќе добиете предлог, покана за семејни собирања и прослави и ќе треба да направи избор: каде, кога и со кого да одите.
Може да ве изненадат вести во врска со веридба или свадба на посебен ден/важен празник.

Причина за радост може да биде некој настан или активност во ваша корист од машко лице во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.

Повеќето мажи-Рак постари од 35 години ќе ја завршат 2015 година со добри спомени од минатите месеци, задоволство од постигнатиот успех и друго.
Ќе има важно собирање, а причината ќе бидат ваши блиски роднини/пријатели од машки пол.

Декември нема да биде најдобро време за работа за младите Ракови од машки пол, или ќе треба да работите за време на празникот, во непријатно време за вас. Невообичаена или непредвидена ситуација може да се случи која ќе наложи промена во вашиот работен распоред.

Домашен конфликт или проблем поврзан со имот може да ги наелектризира работите за жените на крајот на годината. Во повеќето случаи тоа ќе се должи на грешка, злоба, неисполнета обврска/ветување од женско лице.

Жените- Рак ќе треба да обрнат внимание на подароците и на оние на кои тие им се наменети. Една мала грешка може ненамерно да создаде непријатна ситуација.

Во текот на декември ќе имате добар приход. Добивка во кеш ќе биде она што го очекувате, но ќе има и дополнителна можност за прилив во семејниот буџет.

 

Лав (21 јули – 21 август)

12oktlav

Овој месец ќе одите на важен состанок, настан кој ќе ве исполни со енергија до моментот на реализација, спроведување.

Можно е да посетите болен роднина, пријател, колега или, пак, вие ќе отидете на лекар/стоматолог.

Проблеми може да настанат во врска со роднина или пријател во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.
Добро е да се знае дека проблеми ќе се појават во декември, но дека ќе се најде нивно решение најверојатно во истиот месец. Ќе ја имате поддршката на вашата интуиција која ќе ве води кон точни постапки и одлуки. Ќе имате и поддршка од лица родени во знакот на Водолија, Близнаци, Вага.

Успех ви престои којшто ќе ве ослободи од товарот на старите проблеми или од непријатностите во вашата врска.
Во декември може да добиете пари од женско лице.

Жените-Лав до 35 години може да уживаат во неочекувани пари, екстра приход, добивање важен кредит или враќање на заем и друго.
Можни се трошоци поврзани со важни настани во рамките на семејството поврзани со девојка или млада жена: роденден, именден, веридба, свадба, принова, итн.

Декември може да предизвика разни непријатни или неочекувани промени поврзани со патување или со вести за луѓе кои живеат далеку од вас.
Може да добиете порака или информација која ќе стави крај на вашите очекувања, некој план, желба поврзана со патување.

Ако сепак одите на патување, внимавајте; бидете свесни за патот и временските услови.
Избегнувајте да се натоварите со лични проблеми на жена родена во знакот на Јарец, Девица или Бик.

Ќе имате соништа поврзани со почината жена, што ќе ве тиштат во време кое е тешко за вас од емоционален аспект.

Жените над 35 годишна врозрас треба да бидат повнимателни со новите лични и професионални контакти. Не давајте ја вашата доверба избрзано!
Вести може да дојдат од далеку од машко лице кое неодамна доживеало лична драма, професионална или финансиска загуба, итн.

 

Девица (22 август – 22 септември)

12oktdevica

Ова ќе биде месец во кој ќе трошите многу пари за деца, внуци, семејство, добротворна организација или да му помогнете некому кој ви е важен.
Можеби ќе има заеднички активности од финансиска природа коишто ќе вклучат деца или други роднини.

Во декември, многумина ќе бидат во можност да се радуваат поради добивка. Нешто што сте изгубиле во текот на оваа година, сега ќе имате можност повторно да го стекнете со ново купување.
Чувајте ги вашите подароци од љубопитни очи за да избегнете непријатни изненадувања и конфузни ситуации.

Очекувајте многу важен настан во врска со момче или млад човек во знакот на Лав, Стрелец или Овен.
Лоша вест може да пристигне во врска со инцидент со машко лице; овој развој ќе го следите многу внимателно и одблиску.

Неочекувани нови љубовни состаноци и контакти може да се развијат околу празниците.

Нови можни соседи или нови луѓе ќе пристигнат во семејството на вашите соседи.

За време на празникот ќе имате различни изненадувања од пријателите – далечни и блиски.
Ќе размислувате како да пристапите кон непријатен разговор, којшто ќе треба да се направи овој месец. Меѓутоа, настаните ќе имаат свој развој и ситуацијата ќе се развива така што овој разговор можеби и ќе се покаже излишен.

Ако некој ви пристапи остро и агресивно во некој разговор, не брзајте реципрочно да возвратите. Дајте си време да размислите што тој/таа рекол, бидејќи во овие зборови се крие важна вистина или информација за вас.

Дополнителни примања од работа/бизнис може да се појават.

Може да има промена или предлог за промена во вашата работа, што може да започне во почетокот на 2016 година.
Ќе имате можност за дополнителна/хонорарна работа овој месец.

 

Вага (23 септември – 22 октомври)

12oktvaga

Финансиските очекувања на жените-Вага ќе бидат исполнети, а за жените постари од 35 години дури може да има и пријатно изненадување.

Може да добиете пари од вашето семејство и од жена/жени со кои имате пријателски односи.

Сè на сè, за Вагите е можно да си го добијат назад заемот, да добијат премија или бонус, или некоја добро платена дополнителна обврска.

Лоша вест може да дојде од не така оддалечено место поврзана со личност во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Можни несогласувања или недоразбирања од финансиска природата може да се развијат со лице родено во еден од овие три хороскопски знаци.

Вести се можни во врска со идно породилно отсуство или раѓање на принова. Тие може да вклучат покана за средба или посета поврзана со дете.
Може да добиете покана за лична прослава, како роденден или именден, поврзана со дете/момче. Во декември, можеби ќе треба да се вклучите во изготвување или обновување на документ поврзан со дете/внуче.

За младите претставници од хороскопската Вага кои имаат партнер Овен, Лав или Стрелец ќе се појави неочекуван спор, конфликт или слична ситуација во врска со спротивставени карактери или надворешна интервенција од страна на друго лице.

Сè на сè, сепак, декември ќе биде месец на романтични средби, забава и авантура. Љубовта ќе најде начин да создаде за вас позитивни емоции и незаборавни искуства.

Ако сте осамени, сега е време да побарате нов почеток во животот.

Може да имате проблеми поврзани со странци додека патувате.
Можни проблеми може да се појават со луѓе кои живеат далеку од вас, а се родени во знакот на Бик, Девица или Јарец.

 

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

12oktskorpija

Декември може да биде добар и продуктивен работен месец, со можности за различни достигнувања, развој на нови трансакции, подобри договори или нова активност.
Шанса за нова работа, благодарение на веќе воспоставените контакти и пријателски односи.

Мажите над 35 години ќе треба да донесат важна одлука во однос на домот и имотот. Тоа може да вклучува можни контакти со владата, банки, или други институции во врска со проблемот со домот или друг вид на имот.

Тука, сепак, мора да се појасни дека ако ваков проблем или ситуација се однесува на луѓе кои се ваши роднини, тогаш ќе мора да бидете повнимателни за деталите, договорите, а не да се потпирате само на ветувања.

Постои веројатност за незгода/штета за домот, којашто некој ќе се обиде да ја прикрие.

Можно е да бидете повредени од дејствијата на некои луѓе и тие може да ве исфрустрираат со нивните обиди да ве искористат, неправедно или прикриено да манипулираат со вас или со вашите најблиски. Таквите моменти дефинитивно ќе ве изненадат и ќе направат да се чувствувате непријатно.

Неочекувана кражба или загуба може да се случи поради невнимание или недостаток на контрола.
Иако во декември не е веројатно дека ќе постигнете некој значаен прогрес во вашиот личен и професионален живот, тоа ќе биде важен месец за вашиот иден успех во 2016 година.

Не треба да трошите без мерка во текот на новогодишните празници, туку треба да се даде приоритет само на празничните моменти.

Одлагање или одложување сега е сè уште прифатливо, дури и кога се работи за пари. Било каков конфликт ќе создаде низа други проблеми и непријатни ситуации, па дозволете да помине извесно време за работите да се случат во вистинскиот момент.

Бидете претпазливи кога изготвувате договор, преговарате и потпишувате документи од финансиска природа кои се однесуваат на пари коишто веројатно ќе бидат на позитивната страна за вас овој месец.

 

3d star

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

12oktstrelec

Во текот на овој месец ќе составувате, потпишете или стопирате важни документи од финансиска природа, можеби некој договор или банкарски кредит.
Ова ќе биде неповолен месец за судски постапки од финансиски карактер.

Наскоро ќе доживеете тага и разочараност во врска со дете/внуче поради неспособноста да се реализираат вашите очекувања и ветувања или поради тоа што можеби ќе останете повеќе посветени на празниците и другите луѓе.

Може да очекувате дејствија или одлуки од машко лице кои драстично ќе влијаат врз вашата судбина овој месец и следната година.

Може да има некој важен настан или промена во животот на мажите над 35 години, коишто ќе влијаат на некој начин врз семејството или ќе бидат поврзани со куќата во која тие живеат.

Интересно и веројатно долго планирано патување може да се очекува за девојките и младите жени- Стрелци.
Други, пак, може да се очекуваат гости, најчесто за време на празниците, и ќе има посебни емоции во врска со жена родени во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

За жал, овој месец ќе ги вклучи и вашите домашни проблеми. Постои можност за проблемите со машини и опрема на вашето работно место, во вашиот бизнис.

Кога ќе одите во шопинг, проверете сè што можете и не заборавајте да се распрашате за производителот, квалитетот и гаранцијата.

Може да очекувате настан од семејна природа, како веридба, свадба, роденден, годишнина, именден и многу повеќе.

Оваа година сè ќе биде поинаку, дури и веселбите коишто ќе ги имате ќе бидат поразлични, необични.

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)

12oktjarec

Во декември ќе треба да овозможите развој на и на љубов и на емоционални проблеми. Бидете претпазливи за вашите аспирации кон една личност, но внимавајте и на амбициите на некој кој сака да биде со вас.

Бидете внимателни што ќе кажете, што ќе ветувате, на кого ќе му верувате и со кого ќе се дружите.

Може да имате конфликт со жена поврзан со пари, кои таа ги смета дека се нејзини или може да има право врз контролата на овие финансиски ресурси.
Не потпирајте се на финансиска поддршка од женско лице.

Кај младите мажи кои имаат потенцијални здравствени проблеми: може да се појават нарушувања поради грешки или неактивност, кои ќе влијаат врз вашето физичкото и менталното здравје.
Кражба, која се сметала дека е добро скриена, ќе излезе на виделина и ќе создаде многу проблеми.

Вест или покана, понуда или информација од лице во знакот на Бик, Јарец, Девица лице може да биде вашата долгоочекувана шанса за акција, напредок и развој.
Ќе треба да се справите со ангажман или проблем со некој документ.

Ќе имате радосни моменти со пријателите. Ќе уживате во нови состаноци, главно со луѓе кои имаат исти интереси и цели како и вие.
Ќе има радосно собирање поврзано со личност родена во знакот на Водолија, Близнаци или Вага.

Во декември, може да ја напуштите работата поради истекување на договорот за вработување, или може да одите на долгорочно отсуство или преместување на ново работно место.

Професионално, декември ќе биде нестабилен месец и се карактеризира со неизвесност од различни причини. Може да имате проблеми за вашата моментална позиција и за премногу високите очекувања за нова служба, ново именување.

 

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

12oktvodolija

Ноември ќе ви донесе радост во врска со вести, настани, или посета на млада личност во вашиот дом.

Во декември ќе треба да донесат правилна одлука или да ја заземете најдобрата позиција во однос на проблеми поврзани со дете, внуче или млад човек во вашето семејство. Ова во секој случај ќе биде непријатно и за двајцата, но ситуацијата е таква што ќе треба да дејствувате одлучно и без одлагање.
Можно е да има судска постапка која вклучува дете или млад човек. Причината за ова може да биде финансиска поддршка на дете од разведени родители, право на старателство, родителски права, итн…

Особено внимание треба да се посвети на деца родени во знакот на Јарец, Бик или Девица.

Неочекуван конфликт може да се појави во вашиот дом кои ќе биде повеќе од емотивен карактер: љубомора, занемарување во одредена ситуација, игнорирање нечија желба, цел, итн.

Професионално, декември ќе бидат доволно поволен за оние кои инвестираат енергија и амбиција во нивната работа. Можете да очекувате значајни приходи или неочекувани коментари/пофалби/бонус за добро завршена работа.

И додека декември ќе биде релативно поволен и успешен за вас, за некои луѓе кои ќе ве бараат тоа ќе биде месец на голем стрес и напнатост. Тие ќе побараат помош или совет во врска со нечија интриги, задкулисна акција, манипулација, повреда на углед и други непријатни ситуации.

Настани може да ве разочараат, може да бидете натажени или потресени од телефонски повик или разговор со лице во знакот на Вага, Близнаци или Водолија. Можеби ќе има нешто да се надевате за таква личност, но тоа не може да се случи овој месец.

Ќе добиете вести во врска со здравствените проблеми на девојка или млада жена која живее во друго место.

Жените-Водолии до 35 години ќе одат на патување без желба, напротив, со вознемиреност, загриженост.

 

Риби (20 февруари – 20 март)

12oktribi

Мажите-Риби ќе имаат големи надежи или очекувања за овој месец. Детето во вас ќе очекува чудо, посебно доживување што ќе ви ја врати вербата и надежта коишто некогаш сте ги имале во изобилство.

Важен настан или собир ќе се одржи во врска со млад човек кој имал значителен успех, искуство, причина за прослава на својот живот.
Ќе има породувањето, веројатно машко бебе, на празничен ден.

Жените ќе имаат важна улога во вашиот живот во декември, особено оние кои се во вашиот круг на пријатели. Ќе имате изненадувања од жена или од жени кои дури може да имаат влијание врз успешни настани во вашиот личен или професионален живот. Многу нешта може да ве изненадат овој месец…

Купување може да вклучи имот, техничка опрема или други важни работи кои биле оштетени или изгубени во текот на годината. Ќе бидете вклучени во финансиска активност преку дејство на машка личност, член на семејството или близок пријател.

Малкумина од вас ќе ги прослават божиќните и новогодишните празници дома. Најголем број ќе бидат далеку од домот, којшто треба да биде добро обезбеден за време на вашето отсуство.

Финализирање на трансакција ќе се изврши во врска со имот или земјиште.

Љубовта ќе ги создаде оние моменти кои ќе ве натераат да се чувствувате посебен овој празничен месец. Но, бидете нежни, внимателни, љубезни и топли доколку сакате овие добри времиња да останат подолго во вашиот живот.

За беќарите/момите ќе има пријатно изненадување, иако е тешко да се тврди дека оваа врска ќе трае. Но, барем додека таа трае, ќе се чувствувате среќни и полни со емоции.

Проблеми можат да настанат во врска со финансиски документ, заборавеност, или загуба и друго, коишто ќе создадат несакани непријатност.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button