Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Годишен љубовен хороскоп: Еве што го чека секој хороскопски знак во 2019 година

Реклама

2019 година е веќе пред прагот, па дознајте што го очекува секој хороскопски знак на љубовен план.

Овен

Кога е во прашање љубовта, вие ќе имате јасна визија и ќе чувствувате дека сте на вистинскиот пат. Веќе во првите денови од почетокот на годината ќе бидете подготвени за многу промени. Во текот на пролетта слободните Овни ќе имаат добри прилики, па ќе размислувате во кој правец да тргнете. Ќе бидете задоволни со својот избор.Во текот на летото некои претставници на овој знак ќе се обидуваат да ги подобрат односите со својот партнер. Научете да го почитувате и тушото мислење. Слободните Овни во текот на есента ќе имаат проблем со пронаоѓање на партнер, а оние кои се во врска ќе се трудат да го подобрат совјот емотивен живот. Во текот на зимскиот период некои Овни ќе се најдат на раскрсница каде што ќе треба добро да размислат по кој пат да тргнат.

Бик

Во 2019 година Биковите многу ќе се трудт да не останат сами. Во текот на пролетта ќе го покажат својот шарм и ќе се обидат да го освојат спротивниот пол. Оние кои се во врска или брак исто така ќе се трудат да ја задржат страстта во односите со партнерот. Летото им носи хармонични односи на зафатените Бикови, додека пак слободните ќе влегуваат од авантура во авантура. Во текот на есента многу Бикови ќе ги носат последиците од летните авантури, а со доаѓањеето на зимата ќе дојдат и посериозните одлуки, како на пример за заедничко живеење или брак.

Маркетинг

Близнаци

Во текот на 2019 година Близнаците ќе бидат многу неодлучни во врска со љубовта. Почетокот на пролетта за нив ќе биде тежок период. Тешко ќе прифаќаат одговорности и ќе се најдат пред прагот на донесување тешки одлуки. Во текот на летото повеќето Близнаци ќе бидат незадоволни со својот љубовен живот. Честите авантури ќе доведат до неуспех. Во текот на есента повеќето Близнаци ќе бидат подготвени за нови почетоци. Тоа најмногу се однесува на оние кои со години избегнувале долги и сериозни врски. Во ладните зимски денови, Близнаците ќе се посветат на својот партнер и ќе уживаат во долги прегратки.

Рак

Раковите ќе бараат љубов во текот на целата година. Со доаѓањето на пролетта, многумина претставници на овој знак може да влезат во љубовна приказна која на почеток би функционирала совршено, но потоа ќе сфатат дека таа личност не е вистинската. Кога ќе пристигне летото, Раковите ќе се преиспитуваат самите себеси колку вложиле во врските и колкави грешки направиле. Тие ќе бидат три комплицирани месеци… Есента носи прилично трнлив пат за оние кои се во врска или брак, при што ќе биде потребно повеќе компромис. На слободните претставници на овој знак, пак, повеќето работи ќе им одат од рака. Во текот на зимскиот период многу Ракови може да обноват некоја врска од минатото, а други пак може брзо и интензивно да се заљубат во некоја нова личност.

Маркетинг

Лав

На самиот почеток од 2019 година, на Лавовите им е нагласено полето на домот и партнерските односи. Во пролетните денои зафатените Лавови ќе имаат искушенија, па потребно е повеќе да ѝ се посветат на личноста која ја сакаат. Што се однесува до оние слободните, за нив ова е период кога емотивните приказни лесно почнуваат, но и уште полесно завршуваат. Летото на Лавовите ќе им донесе измешани емоции, мисли за минатото и нови познанства. Во текот на есента многу претставници на овој знак ќе треба вистински и храбро да се борат за своите љубовни приказни. Слободните Лавови пак ќе уживаат во својата слобода. Сепак, зимата ќе го донесе вистинското решение за разнишаните односи. Слободните Лавови ќе си признаат себеси дека погрешиле во минатото, па сега ќе се трудат да ја научат лекцијата.

Девица

За вас ова е година во која ќе пронајдете љубов, и тоа вистинска и трајна. Веќе од пролет ви се најавуваат романтични љубовни случувања. Можна е поголема разлика во годините. Оние кои се во врска или брак ќе се соочат со поголеми искушенија кои ќе траат и во текот на летото. Што се однесува до слободните Девици, за нив и летото е шанса за голема љубов и тоа повторно со личност со која имаат значителна разлика во годините. Во текот на есента може да дојде до обнова на односите кај оние кои веќе ја имаат прекинато својата врска. Со доаѓањето на зимата некои љубовни приказни повторно ќе се вратат, а сега е поверојатно и да останат. Многу врски сега тежнеат кон заедничко живеење, брак, па дури и принова.

Вага

Оваа година е година на големи одлуки и големи промени. Повеќто Ваги оваа година ќе сакат искрено и верно. Пролетта им носи складни односи и задоволства, но оние кои се во брак ќе бидат склони кон флертувње. Во текот на летото зафатените Ваги ќе се обидат да ги поправат своите односи. На некои тоа ќе им успее, а на некои не. Слободните Ваги ќе бараат љубов, опуштеност, забава. Од нешто може ќе се роди вистинска љубов. Со доаѓањето на есента, оние кои се во врска или брак ќе бидат помирни и ќе сфатат дека толеранцијата е нужна. Зимските денови носат топли и убави партнерски односи. Оние кои се слободни ќе наидат на својата сродна душа и добро ќе го сочуват тој однос.

Скорпија

Оваа година ќе ви се случи токму она што сте го замислиле. На зафатените Скорпии пролетта им носи мирни моменти со саканата личност. Што се однесува до оние слободните, ова е прекрасен период за нив. Летниот период носи авантури и паралелни односи кои може да донесат проблеми со партнерот, љубомра и сомнежи. Слободните ќе уживаат во потрага по нов партнер. Со доаѓањето на есента, некако сите работи ќе дојдат на свое место. Слободните малку ќе се врќаат во минатото, а малку ќе се активираат околу нови личности. Зимата е период кога мнигу претставници на овој знак повторно може да се поврзат со некој со кој изгубиле контакт.

Стрелец

Нестабилна година за оние кои се во врска или брак. Во текот на пролетта односот со партнерот ќе ви биде променилив и на некој начин ќе се чувствувате неисполнето. Ако сте слободни, постојат мали шанси да влезете во некоја врска. Во текот на летото, слободните Стрелци ќе имаат многу подобра ситуација, а некои претставници на овој знак може повторно да се свртат кон минатото. Во текто на есента, Стрелците ќе имаат проблем во своите важни односи. Постојат шанси некои од вас да стават точка на врската или бракот, а пак слободните припадници на овој знак може да ја обноват врската со некој поранешен партнер. Во периодот на зимата некои Стрелци може да се одлучат за брак.

Јарец

Оние кои се слободни оваа година ќе имаат бројни можности да пронајдат среќа, кога е во прашање љубовта. Почетокот на годината носи добро расположение, но и вистински прилики за нова љубовна приказна. Зафатените Јарци по малку ќе се чувствуваат и несигурно. Со летото почнуваат и проблемите за оние кои се зафатени. Односите ќе бидат прилично напнати, при што ќе биде потребно повеќе трпение и толеранција. Слободните ќе имаат можност да избираат помеѓу минатото и сегашноста. Есента носи стабилизирање на ситуациите. Во текот на зимскиот период, пак, слободните Јарци ќе наидат на нови невообичаени можности за љубовна приказна.

Водолија

Благо речено, пред вас е една бурна година. Уште од самиот почеток вие ќе имате можност да влезете во приказна која ќе сакате да ја сокриете од очите на другите. Ова се однесува и на оние кои се слободни, затоа што може да се впуштат во одос со зафатена личност. Во летниот период оние кои се во врска или брак често ќе се соочуваат со несогласувања, сомнежи и љубомора. Научете да најдете компромис. Есента е време за корегирање на ситуациите, иако тоа нема да се одвива толку лесно, па некои односи не ќе можат да бидат спасени. Што се однесува до слободните, некои претставници на овој знак ќе одлучат да му се вратат на бившиот партнер. Зимскиот период носи големи пресврти и мисли кон минатото.

Риби

Рибите ги очекува една извонредно чудна година кога е во прашање љубовта. Со почетокот на пролетта вие ќе блескате со вашиот шарм, а зафатените Риби ќе имаат можности и за мали тајни флертувања и тоа преку работниот сегмент. Во текот на летото многу Риби ќе бидат преокупирани со минатото, па може да дојдат во контакт со бившите партнери. Што се однесува до оние кои се во врска или брак, тие ќе функционираат доста мирно. Есента им носи проблеми на сите кои се во каков било забранет однос, без разлика дали се зафатени или слободни претставници на овој знак. Со доаѓањето на зимата слободните Риби ќе ја имаат саканата личност покрај себе. Постои можност за повремена недоверба или љубомора.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button