Реклама
Вирално

Џиџи Хадид, те молиме спушти ги рацете бидејќи навистина, ама навистина не не интересира тоа што НЕ си бричена под мишките

Реклама

Познатиот магазин „Love“ повторно направи малку поинаква реклама

Главна ѕвезда во неа е познатата манекенка Џиџи Хадид, но акцентот не е на нејзината убавина, туку на силата на една жена на која, според креаторите на кампањата, не и пречат ни влакна под пазувите за да изгледа секси и убаво. Џиџи одлично се снајде во нејзиниот нов спортско-моден предизвик, а кампањата која носи силна порака дефинитивно подигна голема прашина на социјалните мрежи. Оние што ја сакаат мазната и депилираната кожа, но и да ја гледаат манекенката само во елегантни изданија, дефинитивно се згрозени од видеото, но ова не е прв пат магазинот „Love“ да НЕ се обидува да ги задоволи сите вкусови или пак актуелните трендови. Тие подготвија кампања и со Тејлор Хил, во која манекенката на поприлично секси начин ја демонстрира силата на една жена. Единствениот проблем е што ние жените не се бричиме затоа што не сакаме да изгледаме моќно. Или феминистички. Едноставно го правиме тоа затоа што така се чувствуваме поубаво во сопствената кожа и влакната под мишките дефинитивно немаат никаква врска со „girl power“ ниту пак со феминизмот. Затоа сметаме дека е многу подобро да го дигнете гласот ако сакате да се борите против нешто, а не рацете.

Маркетинг

{youtube}-GvVeT7pNT8{/youtube}

Особено не кога под нив растат грмушки…

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bch923Anary/

Што мислите вие за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button