Познатата 79-годишна актерка ги засени своите помлади колешки кога се појави во ова издание
Една од најдобрите комбинации на „Еми“ наградите
79 годишната Џејн Фонда ги воодушеви сите со нејзиниот шарм. Поранешната манекенка и фитнес ѕвезда ја покажа својата прекрасна линија во тесен розов фустан со потписот на дизајнерот БрандонМаксвел, а се пофали и со раскошна огрлица зачинета со дијаманти и смарагди која паѓа преку грбот и обетки од исиот комплет чија цена изнесува 2.4 милиони долари. Но за нејзиниот младешки изглед дефинитивно главен виновник беше нејзината фризура. Таа за оваа пригода носеше долги екстензии кои ги врза во опавче, а нејзиниот фризер Џонатан Ханоусек ја наговори да ги скрати шипките, пишува познатиот американски магазин „People“.
Џејн дефинитивно изгледаше подобро и од тројно помлади девојки од неа, а воедно претставува и жив доказ дека вежбањето навистина се исплаќа.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Џејн?