Гавазова летна од среќа – „мојата новогодишна желба конечно ми се исполни“
Популарната фолк пејачка сепак ќе ги израдува нашинците во Америка.
Сѐ се случува многу брзо во животниот ритам на Сузана Гавазова.
Само пред четири дена се пожали на социјалните мрежи дека има грутка во грлото зашто не може да патува за Америка каде што требала да настапи за Нова година.
„Со грутка во грло ова го зборам. Навистина ми е жал што се случи ова, се радував како мало дете што новата година ќе ја дочекам со мои луѓе кои ја сакаат мојата музика и знам дека салата е преполна, знаејќи дека јас ќе пејам и тоа многу го почитувам. Црквата Свети Никола дадоа се од себе, исто така и ние, од овде да дојдеме, но едноставно се случи нешто што сега никој не може да го објасни.
Како што кажувам на видеото не сум одбиена, но визата доцни, така да немам среќа овојпат да се дружам со моите пријатели во Америка“, соопшти убавата пејачка во видео-објавата на својот фејсбук-профил на последниот ден од старата година, 31 декември.
И одеднаш ја гледаме на аеродром.
Кога побргу се дотера, се нашминка, се појави во топ форма, кога побргу отиде да си ја подигне визата и кога побргу ги спакува куферите. И летна.
„Среќна сум, се гледаме“ – напиша на својот фејсбук профил.
„Драги наши Македонци во Америка, сакам само да ве поздравам од аеродромот во Скопје и да ви кажам дека доаѓам во Америка. Мојата новогодишна желба конечно ми се исполни, фала му на Господ, еве тргнавме на пат веднаш и се гледаме на 4-ти јануари во црквата Свети Никола со Смајли Бенд. Ве очекуваме во голем број, дојдете да се видиме и да си поминеме една незаборавна вечер. На Балкан вечер. Се гледаме на 4 јануари во црквата Свети Никола во Њу Џерси“ – соопшти пејачката, со надеж дека ќе се соберат голем број нашинци на Балкан вечерта.
Се разбира дека ќе се соберат.