Тие беа најдобро облечени на црвениот килим на премиерата на новото продолжение на хит серијата Игра на тронови
Популарната НВО серија конечно доживеа премиера.
Оваа среда во Лос Анџелес беше одржана премиерата на седмата сезона на популарната телевизиска серија Игра на тронови. Актерите Софи Тернер и Кит Харингтон за многу брзо време се наметнаа како најпопуларни ликови во серијата, остварија бројни улоги и надвор од неа, а со своите впечатливи модни изданија станаа интересни и на бројни модни куќи.
Тие и за оваа пригода не играа на сигурна карта, туку на црвениот килим се појавија во свој препознатлив стил. Софи носеше фустан со светки кој го привлекува вниманието со својот необичен дезен, додека Кит одлучи да носи црн костум, но кој отскокнува од класичните модели. Актерот носеше црно сако со интересна, богата текстура, а шлаг во целата приказна се неговите обувки кои совршено се вклопија во комбинацијата.
Па, која од овие комбинации ви се допаѓа повеќе? :)