Реклама
Култура[тор]

FWSK и амбасадата на САД организираат заеднички моден проект

Реклама

Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје и Моден Викенд Скопје ја продолжуваат својата соработка и по втор пат организираат заеднички моден проект. Овој пат темата на проектот е „ПОП! Мода“.

Маркетинг

Амбасадата на САД и FWSK објавуваат јавен повик за македонските дизајнери на облека, модни додатоци и накит, да ги достават своите креаторски идеи кои би биле презентирани на гала вечер во Амбасадата. Освен тоа, избраните дизајнери ќе добијат уникатна шанса да учествуваат на работилница на темата Бренд менаџмент водена од висок претставник на американска модна куќа.

Конечната селекција на финалистите на конкурсот ќе биде направена од страна на жири составено од претставници на Амбасадата и Моден Викенд Скопје.  Проектот е поддржан од Текстилната Асоцијација на Македонија и нејзините членки.

Крајниот рок за пријавување е 04.03.2013. Подеталните информации за конкурсот, како и правилата за учеството можат да се најдат на www.fashionweekendskopje.mk.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button