Реклама
Коса

Фризури што треба да ги проба секоја жена

Реклама

Многу девојки веќе ги имаат пронајдено своите омилени фризури и немаат храброст да пробаат нешто ново.

Маркетинг

Но, постојат фризури кои модните стилисти ги препорачуваат за сите девојки и кои требаат барем еднаш во животот да се пробаат. Еве кои се тие:

 БОБ ФРИЗУРА 

Маркетинг

Victoria Beckham

Дали се сеќавате кога Викторија Бекам носеше боб фризура? Тогаш многу други жени одлучија да го следат овој тренд и ја скратија својата коса. Еве од тогаш поминаа неколку години, а боб фризурите се уште се на врвот меѓу трендовите.

Кога да пробате?

Оваа фризура е одлична кога ви е потребна промена, особено доколку почнавте со нова работа или пак, сакате иснтантo да се почувствувате пософистицирано.

 КРАТКА ФРИЗУРА 

Rihanna

За предностите на кратките фризури веќе неколку пати зборувавме, а во моментот се води дискусија за тоа на форумот на Штипка (види тука). Доколку се прашувате дали треба да го направите TOA и дали ќе останете убава каква што сте сега, погледнете ја само Ријана…

Кога да пробате?

Тогаш кога се чувствувате доволно смело за еден ваков чекор.

 РУСОКОСА 

Gwyneth Paltrow

Од бела и платинеста до топла и златна, русокосите одсекогаш привлекувале внимание. Можеби крајно време е и вие да им дадете шанса на една фризура ала Мерлин Монро и Гвинет Палтроу?

Кога да пробате?

Иделна промена по раскинување или доколку сте решена да свртите нова страна во животот.

 ГЛАМУРОТ НА ПРИНЦЕЗИТЕ 

Kate Middleton

Станува збор за класични фризури кои се достојни за принцези како вас. За фризурата на Кејт Мидлетон веќе многу се пишуваше, а досега ја имаат копирано многу жени, така што можеби е крајно време тоа да го направите и вие..

Кога да пробате?

Секоја посебна прилика е добра за една ваква гламурозна фризура или едноставно, кога сакате да се чувствувате посебно без некаков посебен разлог.

 ХОЛИВУДСКИ ЛОКНИ 

Mислам дека сите ја знаете оваа убавица… :)

Да, тоа се токму оние фризури кои често ги гледаме на црвениот ќилим, а бројни убавици, меѓу кои и оние нашите, ги обожаваат. Распуштена и негувана коса со нежни локни…

Кога да пробате?

Венчавка, промоција или некое друго слично случувања.

 ШИШКИ 

Kim Kardashian

Шишките можете да ги имате на било која должина на косата, но едноставно во еден момент од животот морате да ги имате. Веријанти има многу, некоја од нив сигурно ќе ви стои убаво.

Кога да пробате?

Било кога, во било која сезона, во било кој стил, никогаш не е погрешно време за шишки.

Извор: glamourmagazine.co.uk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button