Женски фризури за 2015 – педесет нијанси на сиво!
Дами, не очајувајте премногу доколку имате бели влакна во косата – сивата коса повторно е во мода и е апсолутен хит за оваа сезона!
Нијансите на сива боја се популарни и многу барани во последно време, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии на кои девојките гордо ја носат новата модерна боја. Тие своите фотографии ги објавуваат под хаштагот #grannyhair , а меѓу нив секако има и бројни познати личности кои одлучија да експериментираат со оваа боја.
Според најпознатите стручни лица за убавина на светот овој тренд е поттикнат од бранот феминизам и токму тоа преставува дополнителна причина поради која многу жени одлучија да ја направат оваа промена.
Што се однесува до славните личности, многу од нив не успеаја да му одолеат на овој тренд, а меѓу нив меѓу први кои ја бојадисаа косата во сиво беа девојките како Кели Озборн, Лејди Гага, Никол Ричи и Ријана.
Инаку, оваа фризура може лесно да се направи и во домашни услови, но најдобро е добро да размислите пред да ја направите оваа промена сами, затоа што сивите нијанси, кои можеби на прв поглед изгледаат едноставни за правење, најдобро изгледаат кога ќе ги направите кај вистинските професионалци.
Па, што велите за овој имиџ? Дали би носеле сива коса?