Фризури – есен/зима 2012/2013

Девојки, останете на нашата жица и погледнете ги најголемите трендови кога се во прашање фризурите за сезона есен/зима 2012/2013.
Од преубави и секси пунџи и коњски опавчиња, па се до разбушавени волумени и откачени шишки, оваа сезона трендовите ќе бидат разновидни. За да ви ги доловивме сите нив се послуживме со слики од бекстејџот на модните ревии и тоа од најпознатите брендови во светот.
ТРЕНД: Пунџа
Несредените клопчиња и пунџите се главниот хит за сезона есен/зима 2012/2013. Пунџите можат да бидат разновидни, од оние што се малку како несредени, па се до оние кои се направени елегантно и уредно. Најубавото нешто кај пунџите е во тоа што можете за многу кратко време да добиете нов и модерен изглед. Се што треба да направите е само да ја врзете вашата коса и вие веднаш ќе добиете несредено клопче или да направите брза балерина пунџа.
Убавината, сексапилот и женственоста се нешто што секогаш го добивате гратис со овие фризури.
(Последните две слики се од нашите читателки Лидија Ивановска и Тања Мутовиќ на кои сме им многу благодарни многу што ни ги испратија.)
« PREV NEXT »