Реклама
Новости

Франција доби нова мис – 34 годишната стјуардеса е најстара победничка во историјата на изборите за убавина

На 34-годишна возраст, стјуардесата Анжелик Ангарни-Филопон, која беше избрана за Мис Мартиник 2024 година, стана најстарата победничка во историјата на изборот за Мис на Франција.

Реклама

Анжелик Ангарни-Филипон, која беше Мис Мартиник, победи на натпреварот за Мис на Франција, 95-ти по ред, а на 34-годишна возраст е најстарата убавица во историјата на тој настан.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Gala (@galafr)

Маркетинг

Нејзината победа на натпреварот за Мис на Франција беше овозможена со ревизија на правилата усвоени пред две години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss France Officiel (@missfranceoff)

Под притисок на критичарите, организаторите ја укинаа старосната граница, претходно поставена на 24 години и отворија можност за пријавување и на мажените жени и мајки.

Таа е избрана меѓу 30 кандидати, од кои најмладата има 18 години.

 

Натпреварот за Мис на Франција се одржа во моментот кога Холандија реши да го прекине изборот за убавица на годината, со образложение дека тоа „веќе не е натпреварување на ова време“.

Во Холандија, националниот избор за Мис сега ќе биде заменет со церемонија за успешни жени „да го прослават вистинскиот живот, без притисок да се усогласат со совршениот имиџ“, соопштија тамошните власти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button